04:20 - 31 мај, 2026

„Цела ноќ плачев поради него“: Пејачка со емотивна исповед за Саша Поповиќ, оваа постапка нема да му ја заборави

Пејачката Милена Плавшиќ емотивно проговори за својата врска со Саша Поповиќ, човекот кој – според неа – ѝ помогнал кога сите други ѝ свртеле грб. Во емисијата „Није лако бити ја“, таа без задршка ја отвори душата и раскажа како токму Поповиќ ја поддржал во клучен момент од нејзината кариера.

„Го познавав Саша со години, но никогаш не сме биле блиски пријатели. Се почитувавме кога ќе се видевме на настапи и снимања. Еден ден, на наговор на Драган Стојковиќ Босанац, решив да го побарам. Му реков дека имам песна која ја направи Босанац и тој ми кажа да го повикам него. Саша ми одговори: ‘Зошто преку Босанец, па ти ме познаваш исто толку долго како и тој’. Потоа ми рече да дојдам да ја слушне песната“, се присети Плавшиќ.

Песната што ја носела се викала „Јака жена“, а реакцијата на Поповиќ била неочекувано топла и поддржувачка.

„Прво ја слушна, не кажа ништо. Потоа ја пушти пак, праша уште неколку луѓе што мислат и на крај рече: ‘Одамна не сум слушнал нешто вака добро!’ Ми даде огромна поддршка, рекламирање, а многумина велат дека таа песна стана химна на жените. Никогаш нема да му заборавам, ме испочитува без ниту еден услов“, вели таа со благодарност.

Најемотивниот дел од нејзиното сведоштво беше кога зборуваше за моментот кога дознала дека Поповиќ е болен, а потоа и починал.

„Кога слушнав дека е болен, многу ми беше жал. А кога дознав дека починал… цeла ноќ и ден плачев. Тој беше навистина голем човек. Нема пејач кому не му помогнал – им градел кариери, им обезбедувал куќи и станови. Имаше исклучителен карактер и сите ги почитуваше. Најмногу ми е жал што од толку работа, никогаш не најде време да ужива“, завршува Плавшиќка со трепет во гласот.

Слични објави

Дали го препознавате ова девојче? Денес е една од најатрактивните водителки

Еспресо

(Фото) „Најголемиот благослов“: Немања Гудељ со емотивна порака за роденденот на Анастасија Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Бутик „Прагма“ – омилен избор за жените кои сакаат впечатлив и софистициран изглед

apostolova

Анѓелка Прпиќ ослабела без гладување: Утрото го започнува со посебен пијалак, ова ѝ помогнало најмногу

Еспресо

„Бев смртно вљубена, а тој ме избегнуваше“: Мина Костиќ отворено за првата љубов

Т.Ц.

Сината месечина на 31 мај носи големи пресврти: Проверете што му подготвува на вашиот хороскопски знак

Т.Ц.
Се вчитува....