10.8 C
Скопје
00:01 - 4 април, 2026

Чомбе од „Луд, збунет, нормален“ сподели сцени од пожарот: Со сопругата се спремаат за евакуација!

Лос Анџелес беше зафатен од страшни пожари поради кои повеќе од 100.000 жители ги евакуираа своите домови.

Меѓу оние кои се подготвуваат за евакуација се и актерите Мирај Грбиќ и Марија Омаљев, кои се огласија на социјалните мрежи.

Марија сподели неколку фотографии од пожарот кој се доближува до нивниот дом и рече дека се подготвени за евакуација.

„премногу блиску до дома. спакувани сме и чекаме да видиме дали треба да се евакуираме. Голема благодарност до сите пожарникари и први одговорни лица. Моите мисли се со сите луѓе и животни погодени од оваа трагедија. Пријатели, испратете ги вашите молитви , тие се многу потребни!“, напиша таа.


Мирај се огласи и преку Инстаграм.

„градот на ангелите е под оган“, кратко напиша актерот најпознат од серијата „Луд, збунет, нормален“.

Мирај и Марија се венчаа во 2008 година, а во 2013 година од Сараево се преселија во Лос Анџелес. Тие претходно заедно глумеа во серијата „Луд, збунет, нормален“, а кариерата ја продолжија во Лос Анџелес.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....