Не знам што изведуваш ти, ама знам како изгледаат моите часови по јога, напишал еден корисник на Инстаграм.
Пејачката постави многу чудно видео на Инстаграм сакајќи да покаже како изгледа јога на нејзин начин.
Бритни Спирс (38) на својот профил на социјалните мрежи објави видео и покажа како изгледа јога во нејзина изведба.
Таа парадира низ дворот облечена во бикини, со размачкана шминка околу очите, снимајќи ги своите кучиња пред да почне да се снима себеси додека енергично вежба.
На поголем дел од нејзините 23 милиони фанови не им било јасно што изведува.
„Не знам што изведуваш ти, ама знам како изгледаат моите часови по јога“, напишал еден корисник на Инстаграм.