10:12 - 10 јануари, 2026

Бресквица со провокација за Јелена Карлеуша: „Малата е исклучително глупа!“

Младата пејачка Анџела Игњатовиќ – Бресквица ги коментираше актуелните теми од музичката сцена, вклучувајќи го победникот на „Песна за Евровизија“ и затворањето на Инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша.

Во последно време, Бресквица значително го промени својот стил – од тинејџерка со рап фазон, се трансформираше во млада, заводлива жена. Таа признава дека големо влијание врз оваа промена имал нејзиниот најдобар пријател и стилист, кого го поддржала на лансирањето на неговиот бренд.

На почетокот на разговорот со медиумите, меѓу кои беше и „Информер“, Бресквица зборуваше за соработката со Саша Матиќ.

„Вриштев од среќа кога добив повик за дует. Сепак, станува збор за голема ѕвезда. Не можам да престанам да ја слушам песната и да го гледам настапот во Арена, премногу сум горда. Саша ми даде совети и ме поддржа, а тоа ми значи многу“, изјави пејачката.

Таа се осврна и на критиките дека често менува музички жанрови.

„Сакам да експериментирам и да пробувам нови работи. И тоа ќе продолжам да го правам бидејќи ми е забавно, а луѓето веќе се навикнаа на тоа“, рече Бресквица.

Со оглед на тоа што минатата година беше еден од фаворитите на „Песна за Евровизија“ со песната „Гнездо орлово“, новинарите ја прашаа што мисли за годинашниот победник кој ќе ја претставува Србија во Базел.

„Оваа година не го следев многу изборот, но Принц не беше мој фаворит. Јас навивав за Мими Мерцедез, бидејќи според мене, нејзината песна имаше тој некој српски момент. Но, во секој случај, му посакувам среќа на Принц, има одличен глас и песната му е убава. Би сакала да победи и да ја донесе Евровизија кај нас. Настапот на Мими ми беше одличен, а таа преслатка“, прокоментира пејачката.

На прашањето дали нејзиниот дует со Саша Матиќ ќе биде поголем хит од неговите соработки со Цеца и Јелена Карлеуша, Бресквица одговори дека не е на неа да го коментира тоа.

Сепак, на темата за затворањето на Инстаграм-профилот на Карлеуша, имаше јасен став.

„Секој треба да има слобода на говор, но тој говор не треба да навредува никого, ниту да биде говор на омраза. Ама, Боже мој, што знам јас… Малата е исклучително глупава“, изјави Бресквица, алудирајќи на еден претходен коментар на Карлеуша за неа.

Изјавата веднаш предизвика реакции на социјалните мрежи, а останува да се види дали Јелена Карлеуша ќе ѝ одговори на оваа провокација.

Слични објави

Дневен хороскоп за 10 јануари: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо
Се вчитува....