8.8 C
Скопје
16:22 - 28 март, 2026

Бремената сопруга на Амиџиќ го откри полот на бебето и изненади: „Ќе се вика…“

Српскиот водител Огњен Амиџиќ чека дете со својата сопруга Мина Наумовиќ Амиџиќ, со која неодамна се венча во тајност.

Мина имаше свој сегмент во емисијата на Амиџиќ – „Пази Мина“, а откако дозна дека е во блажена состојба, реши да се повлече од малите екрани.

Таа е многу активна на социјалните мрежи, па редовно објавува фотографии од семејниот дом и споделува детали од своето секојдневие. Истото го направи и денеска и ги изненади нејзините следбеници.

Имено, денес Мина на својот профил на Инстаграм има необичен тест кој зборува за ќерки, а со оглед на тоа дека е во блажена состојба, многумина помислија дека таа и водителот чекаат девојче.

– Ќе родам ќерка и тоа нема да биде туѓа среќа, туку моја. И куќа. И никогаш туѓа вечера, туку мој појадок. Таа ќе биде своја, нема да личи на нивниот татко, но нема да личи ниту на мене. Ќе ги сокријам од неа сите бајки во кои верував и ќе и создадам нови. Ќе почнат со „Нема принц“, а ако најде, ќе бидам среќна. Ќерка ми ќе биде што сака, мажена и самохрана, мајка и неплодна, а нејзината слика ќе ја носам во мојот паричник. Ќе ме ослободи со својата слобода и никогаш нема да биде туѓа радост, туку моја. Носена под ребро, ткаена и родена од ѕвездите. Да биде она што таа го сака за себе. Ќе се вика Зора и ќе пукне. Секогаш ќе се раздени каде што ќе биде таа – се вели во објавата на Мина.

Инаку, Мина и Огњен неодамна го кажаа судбоносното „да“, што и водителот го потврди.

– Вистина е, се венчавме. Сакавме да биде без „врева“ и да го задржиме чинот само за нас. Веќе живеевме брак, сега е само на хартија. Сакав Мина да го има истото презиме како мене и сега го има моето презиме – изјави Амиџиќ.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Астро викенд: Мини совети за секој хороскопски знак

Еспресо

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо
Се вчитува....