6.8 C
Скопје
04:50 - 31 март, 2026

Братот на Ники Минаж силувал дете од 11 години: Реакцијата на раперката ја налути јавноста, а монструмот е осуден на 25 години затвор

Џелани Мараж, братот на раперката Ники Минаж (37), осуден е на 25 години затвор поради сексуално злоставување на девојче од 11 години во својот дом на Лонг Ајленд.

Како што пишуваат светските медиуми, инцидентот се случил во 2015 година, кога мајката на несреќното девојче била на работа.

Џелани, како што се пренесува, во повеќе ситуации го злоставувал девојчето.

Со ДНК анализа е потврдено дека Џелани Мараж навистина е одговорен за овој монструозен чин.

Пред судот сведочел и помладиот брат на девојчето, бидејќи бил очевидец на ужасниот настан.

Адвокатот на Мараж се жалел на овие обвиненија, но сите жалби биле отфрлени.

Џелани на судењето изјавил дека тој имал проблеми со алкохолот и дека бара „втора шанса“.

Ники Минаж не била присутна во судницата, но писмото кое го напишала во одбрана на својот брат каде го нарекува „внимателен, добар и нежен“, било прочитано пред судијата, што наиде на големи критики во јавноста. 

Исто така, адвокатите на Мараж потенцирале дека нивниот клиент има здравствени проблеми, односно дека се соочува и со хипертензија. 

На крај е донесена пресуда  братот на славната пејчка да оди во затвор, каде ќе помине полни 25 години.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....