3.8 C
Скопје
06:41 - 17 март, 2026

Болна исповед на Рада Манојловиќ: „Мајка ми почина на мои раце – настапував 10 дена подоцна за да заработам за трпезата по нејзината смрт“

Рада Манојловиќ

Пејачката Рада Манојловиќ на само 19 години го доживеала најтешкиот момент во животот – ја загубила својата мајка Мирјана, која починала на нејзините раце. Во искрено и потресно сведоштво за српските медиуми, Рада проговори за болката која никогаш не исчезнала, и како, и покрај огромната тага, морала веднаш да продолжи со работа.

„Најтешкиот период во мојот живот беше кога ја изгубив мајка ми. Ми почина на раце. Таа болка ја потиснав длабоко во себе за да можам да продолжам да живеам. Секој ден се сеќавам на мојата Мирјана. Единствена утеха ми е што бев покрај неа, што ја држев за рака додека заминуваше. Да не бев таму, би полудела“, раскажа пејачката.

Како што откри, нејзината мајка боледувала од рак на грлото на матката, кој во повеќе од 90 отсто од случаите е излечлив. Но, поради, како што тврди Рада, погрешна одлука на лекарите, Мирјана не ја добила соодветната терапија навреме.

„Консултација од лекари одлучи да не ѝ ги извадат матката и јајниците, бидејќи можеби ќе сака да има уште деца, иако веќе имаше две. Ја оставија со „темпирана бомба“, која подоцна експлодира. Играа со нејзиниот живот“, рече Рада.

Само десет дена по мајчината смрт, била принудена да излезе на сцена и да пее, за да заработи пари за организирање трпеза во нејзина чест.

„Никој не ме праша дали можам да пеам, само ми рекоа: ‘Иди, пеј’. А јас пеам, телото ми се тресе, душата ми се распаѓа“, изјави со солзи Манојловиќ.

Ова сведоштво ја потресе јавноста, потсетувајќи на суровата реалност со која многу луѓе се соочуваат по загуба на саканите, особено кога мораат веднаш да продолжат да функционираат – без време за жалост.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....