7.8 C
Скопје
06:38 - 2 април, 2026

Боба Живојиновиќ проговори за снаата Александра Пријовиќ, откри зошто плаче на секој концерт

Поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ отсекогаш истакнувал колку ја сака и почитува Александра Пријовиќ, сопругата на неговиот син Филип и смета дека таа ги заслужува сите убави работи што ѝ се случуваат.

Лепа Брена и Боба беа во Хрватска на промоција на нејзиниот бренд, но и по повод гостувањето на Брена на концертот на Александра, па во интервју за хрватските медиуми изјави дека таа е емотивна личност.

– Мислам дека со Александра се споија некои парчиња. Таа е прекрасна и емотивна личност. Александра плаче на сите настапи. Плаче затоа што претставува колку е чиста и добра и не е ни чудо што сите овие пејачки дојдоа да ја поддржат и да бидат дел од овој голем спектакл. Не е случајно, и сето тоа е прекрасна бајка и приказна, и нека трае што подолго и подобро. Сите сме тука да ги поддржиме нашите деца и секогаш да бидеме со нив – изјави Боба за емисијата „Кај наш дом“.

Инаку, Лепа Брена неодамна го прошири својот бизнис, за што зборуваше и во медиумите во Хрватска.

Легендата на југословенската музичка сцена го искористи гостувањето, меѓу другото, да и ги претстави на хрватската публика своите производи на кои напорно работеше, што предизвика бура од коментари на социјалните мрежи.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо
Се вчитува....