10.8 C
Скопје
20:55 - 10 април, 2026

Бившиот на Тања Савиќ со остри зборови за неа: „Кутрите мои деца со таква мајка“

Во јавноста одекна веста дека пејачката Тања Савиќ, наводно, повторно е вљубена и има 11 години помлад дечко од неа, а оваа вест пред извесно време стигна и до нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ.

Савиќ отворено зборува за врската со пилотот Мухамед Муки Бешиќ, кој е 11 години помлад од неа. Таа призна дека на почетокот била загрижена поради реакцијата на родителите на Мукијевиќ, но на крајот сфатила дека најважно е како ќе го живее животот.

„Може да се каже дека моето срце е заробено. Тој ме освои мене и јас го освоив него. Пролетта пристигна, се се буди, вклучително и нашите срца. Признавам, заљубена сум. Ме освои еден голем човек кој ми подари ланче и обетки за роденден. Имаат голема симболика и ми се многу важни“, се пофали тогаш Тања пред медиумите, а потоа во таа прилика се огласи и нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ, кој беше изненаден од информацијата за поранешната сопруга.

„Кутри мои деца, која им е мајка. Тоа е се што можам да ви кажам и ни збор повеќе. Се ви е јасно“, рекол тој, а освен тоа Јованчевиќ изнел тврдења за тамошните медиуми дека пејачката го изневерувала додека биле во брак.

„Тоа не е ништо ново. Беше и со таксист, но таа сигурно повеќе не е моја грижа и проблем. Јас, фала му на Бога, се ослободив од нејзините синџири. Најдов мир, љубов и среќа во мојот живот. Сега се посветив максимално и работам на моите соништа и цели“, рече Душан.

Слични објави

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin
Се вчитува....