8.8 C
Скопје
02:02 - 18 октомври, 2026

„Бев во врска, а се заљубив во друг“: Радa Манојловиќ искрено за љубовта, дали алудира на Милан Станковиќ?

Рада Манојловиќ отворено проговори за својот приватен живот, љубовните дилеми и борбата со лекови за смирување, признавајќи дека поминала низ тежок период.

Пејачката откри дека во минатото користела Ксанакс, од кој, како што вели, тешко се откажала.

„Тоа е многу незгодна работа. Се навлеков. Шест месеци не можев да се откажам од Ксанакс. Го зборувам ова јавно, затоа што секој што мисли ‘ќе земам, па ќе престанам кога ќе сакам’ – се лаже. Не е така лесно. Многу тешко се откажав од таблетите. Би ги препорачала само во крајна нужда“, изјавила таа.

Манојловиќ признала и дека во тој период побарала стручна помош.

Говорејќи за љубовта, пејачката открила и една лична ситуација што силно влијаела врз неа.

„Јас бев во една врска, а се заљубив во друг. Не можев да спијам, имав несоница и токму тогаш почнав да користам Ксанакс. Тој лек за мене значеше сон“, раскажува таа.

Додава дека иако лековите ѝ помогнале на краток рок, откажувањето било исклучително тешко.

„Ми беше лесно додека бев со ‘хемијата’, но многу тешко да се одделам од неа. Никогаш не требаше да го правам тоа без совет од лекар. На крај побарав стручна помош и постепено се откажував“, вели пејачката.

Таа искрено зборуваше и за својата емоционална состојба и ставот кон мајчинството.

„Личност која има потреба од Ксанакс и не може сама да се справи со односите со луѓето, мислам дека не е подготвена за дете. Јас бегав од сè“, призна Манојловиќ.

Нејзината исповед повторно ја отвори темата за менталното здравје и ризиците од неконтролирана употреба на лекови, испраќајќи порака дека стручната помош е клучна.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....