15:45 - 13 ноември, 2026

(Видео) Беа најконтроверзниот ријалити пар на Балканот — Луна Ѓогани и Слоба Радановиќ имаа „непријатна“ средба на настан

Луна Ѓогани и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ конечно се огласија по повод неодамнешната средба со Слоба Радановиќ на промоцијата на албумот на Ивана Бум Николиќ.

Покрај коментарите за неочекуваната средба со поранешниот партнер на Луна, тие се осврнаа и на шпекулациите дека нивниот брак е во криза и дека се разведуваат.

„Тоа се само трачеви кои нè следат веќе седум години. Навикнати сме на тоа и не се оптоваруваме. Не сме должни 24 часа да бидеме пред камери како во ријалити. Ако не нè гледате некаде, тоа не значи дека се разведуваме, туку дека можеби во тој момент не ни одговара да се појавуваме во јавност. И ние сме луѓе од крв и месо и ни треба време за себе“, изјавија тие.

Кога станало збор за средбата со Слоба Радановиќ, Марко открил дека немало никаква комуникација меѓу нив.

На прашањето дали се поздравиле, кратко одговорил: „Нема причина“.

Луна истакнала дека не почувствувала непријатност поради средбата, а Марко дополнително објаснил дека целата ситуација е одамна надмината.

„Не ни беше непријатно, нема причина за тоа. Прашање на време беше кога некаде ќе се сретнеме. Нема причина повторно да се отвора тема од пред десет години. На тоа одамна е ставена точка“, изјавил тој.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....