3.8 C
Скопје
21:06 - 10 јануари, 2025

„Во затвор ја пеев – Ако не се вратам“: Српската пејачка откри како ѝ поминувале деновите додека била зад решетки во Австралија

Српската пејачка Романа Паниќ полека се враќа на естрадата. Пејачката, која пред неколку години беше уапсена во Австралија поради ограбување на банкомат, сега сака концерт во салата на МТС, кој планира да го одржи следната година.

Пејачката, која последниве месеци се занимава со помал ресторан кој го отворила заедно со партнерот, гостувала кај Огњен Амиџиќ во емисијата „Амиџи шоу“, каде зборувала за затворските денови, како и за идните планови.

На прашањето која песна ја пеела во затворот, таа за малку ќе заплачела.

– Ух, види, кога би почнала да пеам сега, сигурно би заплакала. Навистина ја пеев „Ако се не вратим“ од Синан Сакиќ. Одев така и тоа го пеев, бев во лудило – истакнала таа.

Романа раскажала дека преку социјалните мрежи е во контакт со Бразилка, која ѝ била цимерка во затворот.

– Се слушаме преку Инстаграм. Таа беше во имиграционото една година. Во добар хотел, но една година не можеше да стигне во Бразил, сега се омажи, доби дете – рекла поп пејачката.

Романа своевремено најавила книга во која ќе пишува за сè што ѝ се случило во 2020 година. Сепак, таа да зборувала во јавноста за сè што и се случило и никогаш не се криела од своите грешки.

– Имаше толку многу тешки моменти, покајание секогаш постои. Сите ние сме само луѓе и ги правиме нашите грешки. Јас ги признав своите грешки. Секогаш ме водеше срцето и паѓав, но не се каам што ме водело срцето. За да коригирам некои работи и за да бидам помудра кога би добила шанса, секако дека ќе бидам, но тогаш немаше да испаднам вака добра подоцна. Сите овие искушенија го водат човекот или кон колапс и да изгуби или целосно да еволуира. Тоа влијаеше на мене како на личност и се надевам дека ќе ѝ покажам на јавноста дека е тоа така – изјавила неодамна Романа за „Блиц“.

 

Слични објави

Легендарната Неда Арнериќ: Актерката која остави неизбришлива трага, но зад успехот криеше тага

Еспресо

Александра Младеновиќ призна дека била жртва на насилство: Поранешниот партнер ѝ удрил шлаканица, со денови трпела малтретирање

Еспресо

Тања Савиќ искрено за најболната тема во животот: Мојот поранешен сопруг не сака контакт со нашите синови…

Еспресо

Горан Бреговиќ со шокантна изјава за почетоците во кариерата: На 17 години свирев во стриптиз клуб и имав проблеми со дрогата

Еспресо

Катарина Живковиќ проговори за мајчинството и нејзиниот син Стефан: Би се откажала од кариерата поради него

Еспресо

(Фото) Пожарот во Калифорнија ја зафати и куќата кадешто почина Метју Пери, погледнете како изгледаше претходно

Еспресо
Се вчитува....