28.8 C
Скопје
18:34 - 9 септември, 2026

(Фото) Романтично патување во Италија: Анѓелка Жуѓиќ размени страсти во сопругот во Рим и Фиренца

Српската актерка Анѓелка Стевиќ Жугиќ, до неодамна позната како Прпиќ, повторно е во центарот на јавноста откако на површина испливаа детали од нејзиниот приватен живот.

Актерката, која тајно се омажи за својот нов избраник Марко Жугиќ, продолжува да ги полни насловните страници со својата љубовна приказна. Најголемо внимание привлече фактот дека нејзиниот сопруг е најдобриот пријател на нејзиниот поранешен маж, со што оваа љубовна приказна стана уште поинтригантна.

Двојката неодамна замина во Италија, каде уживаа во романтичен одмор. Фотографиите на кои актерката и нејзиниот нов сопруг се бакнуваат пред величествените пејзажи на Италија ги разнежнија корисниците на социјалните мрежи.

„Заљубена“, напиша кратко таа во описот на фотографиите.

Фото: Инстаграм/Анѓелка Жугиќ
Фото: Инстаграм/Анѓелка Жугиќ
Фото: Инстаграм/Анѓелка Жугиќ
Фото: Инстаграм/Анѓелка Жугиќ
Фото: Инстаграм/Анѓелка Жугиќ

Иако Жугиќ се обидува да го задржи својот приватен живот подалеку од јавноста, оваа врска не престанува да биде тема на разговор, особено поради нејзината специфична динамика и околностите под кои започна.

Сепак, актерката покажа дека не дозволува јавните коментари да влијаат на нејзината одлука и дека љубовта и личната среќа ѝ се на прво место.

Да потсетиме, Анѓелка Прпиќ неодамна се омажи за Марко Жугиќ, со кого ја доби ќерката Чарна, која ја крсти по улогата во серијата „Жените од Дедиња“ со која се прослави. Интимната церемонија беше организирана во најголема тајност, што беше и експлицитна желба на младенците, за сè да помине подалеку од очите на јавноста.

Таа претходно беше во брак со Дарио Прпиќ со кого го доби синот Јакша.

Слични објави

Тамара отворено за љубовта: Му го проверив телефонот на Лука, а со видеото за раскинувањето претерав

Еспресо

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо

(Фото) Каролина ќе биде наследничка на Маја Оџаклиевска: познатиот битолски музичар сподели важна приказна

Еспресо

Карлеуша и Тошиќ „солено“ ќе го платат школувањето на Атина во Милано – купуваат и луксузен стан

Еспресо

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....