6.8 C
Скопје
10:08 - 21 февруари, 2026

Азис откри дел од неговиот интимен живот: „Седев на маса со новите дечковци на моите бивши“

Кралот на поп-фолкот Васил Бојанов – Азис, ретко дава интервјуа, сепак во подкастот на Ивка Бејбе откри многу имнтимни моменти од својот живот. Тој призна дека вистински сакал само двапати во животот.

Во една врска, неговата партнерка го изневерила по што почувствувал огромна болка, но потоа простил бидејќи никогаш не сака да има негативни чувства кон поранешните партнери.

„Тие отсекогаш биле дел од мојот живот, мојот ден, мојот сон. Дури и сум седел на иста маса со нивните нови партнери. Никогаш нема да кажам лош збор за нив – тие беа дел од мојот живот, ги бакнував, ги прегрнував. Само што ние не сме моногамни и нормално е луѓето да се среќаваат и раскинуваат.“

Азис исто така откри какви мажи го возбудуваат:

„Вистински мажи, не згодни и шармантни, туку непретенциозни. Не ги сакам суетните, туку понеуредните, разбушавени, дури и мрачни и недружељубиви.“

Се потсети и на неговите први чекори во музиката. Тој раскажа како патувал бесплатно со трамвај на својата прва средба со продуцент бидејќи тој и неговата девојка Гала не сакале да платат шест центи за билети. Неговата прва работа била во ресторан во населбата Овча Купел, каде што пеел додека луѓето јаделе ќофтиња и чкембе супа. Поради Азис, ресторанот станал хит, а тој станал ѕвезда со својот прв хит.

Пејачот не ги крие своите естетски корекции.

„Имам истетовирано веѓи. Имам промени на брадата и вилицата. Јаболчниците не ми се коригирани. Пополнив дел од устата.“

Тој зборува шест јазици и разбира седми – шпански.

Ги научил од филмови и песни, благодарение на неговото музичко уво.

Слични објави

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо
Се вчитува....