08:39 - 11 април, 2026

Анџелина Џоли: Систем кој ме штити мене – но не и ќерка ми само поради бојата на нивната кожа, едноставно не е допустлив!

Анџелина Џоли, која ретко дава интервјуа, прозборе за „Харперс базар“ од карантинот во Калифорнија, каде што моментно се наоѓа со шесте деца.

Џоли зборуваше за пандемијата и за зачувување на здравиот разум во текот на тешките моменти, но и за „неподносливиот расизам во САД и потребата да се направат промени во законите“.

Систем кој ме штити мене – но не и ќерка ми или кој било друг маж, жена или дете во нашата земја само поради бојата на нивната кожа, едноставно не е допустлив“, остро рече Анџелина, која својата ќерка Захара ја посвои во Етиопија.

Profimedia

Изгледа дека светот се буди, дека луѓето го принудуваат општеството на подлабоко преиспитување. Мора сочувството и добрите намери да ги однесеме чекор понапред, да ги преточиме во закони и правила кои се борат против безобзирноста и структуираниот расизам, рече оскаровката, која донираше 200.000 долари на НААЦП фонд за правна одбрана по смртта на Џорџ Флојд.

Instagram

 

Што се однесува до самоизолацијата, Џоли не се жали дека и е здодевно.

Како и многу други родители, фокусирана сум да останам мирна поради децата. Не сакам од мене да почувствуваат анксиозност, покрај сите грижи што ги чувствуваат. Целата моја енергија е насочена кон нив.“,

45-годишната актерка сподели две фотографии за списанието, кои ги снимил нејзиниот син Нокс.

Instagram
Instagram

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....