08:49 - 29 март, 2026

Ален Исламовиќ: Како воен полицаец апсев војници кои правеа неред во Белград

Пејачот Ален Исламовиќ откри досега непознат детал од младоста – тој бил воен полицаец.

„Белград ми донесе многу убави работи. Бев воен полицаец во Скадарлија, во 1978 година, па по наредба на команда морав да дојдам овде и да проверам војниците да не се плеткаат со цивили. Како воен полицаец апсев војници кои правеа хаос низ Белград“, се присети тој.


Пејачот додаде дека Белград многу добро го запознал преку воениот рок.

„Ги знам улиците, па дури бев и обезбедување на големиот концерт на ‘Бијело дугме’ кога свиреа на стадионот на Партизан. Немаше кој не беше таму, ги чував Горан Бреговиќ, Жељко Бебек, ‘Прљаво казалиште’, групата ‘Време’“, сподели Исламовиќ.

Тогаш тој не можел ни да замисли дека ќе биде дел од легендарната група „Бијело дугме“.

„Дојдов од малото гратче Бихаќ, од кое излегоа многу добри музичари. Меѓу другите, од таму се и членовите на ‘Дивље јагоде’, но таму бев бас-гитарист. Тоа значи дека денес свирам, утре ме менуваат, а никој не забележува. Нештата се променија кога ја напишав песната ‘Мотори’. Докажав дека можам да ги достигнам Манчестер Јунајтед (‘Бијело дугме’)“, раскажа пејачот.

Слични објави

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо
Се вчитува....