6.8 C
Скопје
19:41 - 19 февруари, 2026

Александра Пријовиќ не ја купува вилата на Лепа Брена: Еве каков е планот на пејачката, сè е откриено

Српската пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг и соработник Филип Живојиновиќ пред да се венчаат купиле луксузна куќа на Бежанијска коса.

Нивниот дом е направен по најнова мода, а имотот се наоѓа во близина на куќата на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.

Меѓутоа, во последно време во јавноста сè погласни се шпекулациите дека Пријовиќ го купува имотот на својата свекрва Лепа Брена, а како што дознава српски „Курир“, станува збор за невистинити тврдења.

Инаку, како што пренесуваат српските медиуми, Александра Пријовиќ, која во моментот е бремена, и нејзиниот сопруг, композиторот Филип Живојиновиќ, решиле да го реновираат својот величенствен дом.

Тие со години живеат во вила во елитниот дел на српската престолнина, а причината поради која ќе променат многу работи во куќата е баш прекрасна.

– Александра сакаше да направи соба за бебето, како и да ја реновира постоечката соба на нивниот син Александра. Сакаат сè да биде направено пред таа да се породи, па се зафатени со работа на деталите. Мајсторите добар дел од денот се во нивниот дом, додека Филип следи дали сè е баш како што замислиле – изјавил извор на „Блиц“ близок до славниот пар.

 

 

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо
Се вчитува....