15.8 C
Скопје
14:25 - 22 март, 2026

АКТЕРОТ КРИС НОТ ОБВИНЕТ ЗА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ: Продолжението на „Сексот и градот“ отворило стари рани

крис нот

Актерот Крис Нот, најпознат на публиката по својата улога во серијата „Сексот и градот“ е обвинет од две жени за сексуално злоставување, пренесува „Daily Mail“.

Наводните жртви рекле дека неодамнешните промоции во врска со продолжението на популарната серија ги отвориле старите рани. Тие тврдат дека инцидентите се случиле во Лос Анџелес во 2004 година и во Њујорк во 2015 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by hola.com México (@hola_mx)

Една од жртвите тврди дека на 22-годишна возраст се преселила во Лос Анџелес за да работи во компанија во која често доаѓале Нот и многу други познати личности. Оттогаш поминале 18 години.

„Кога поминуваше покрај моето биро постојано флертуваше. Некако го доби мојот број и ми оставаше гласовни пораки“, рекла едната анонимна жена. Како што открила, еден ден со една пријателка отишле на базен за да го запознаат Нот. Тврдат дека таму си ја оставил книгата, која потоа таа ја вратила во неговиот стан.

Наводната жртва тврди дека отишла во неговиот стан за да му ја врати книгата, а Нот ја бакнал кога влегла. Таа наведува дека бакнежот не ја вознемирил, но тврди дека актерот потоа ја повлекол кон себе, ја поместил кон креветот и ѝ ги соблекол панталоните.

„Беше многу болно и викав да престане, но тој не го направи тоа“, рекла една од жените кои го обвинуваат актерот за сексуално злоставување.

Нот во оваа прилика даде изјава за „The Hollywood Reporter“

„Обвинувањата против мене што поединци ги упатуваат со години, па и со децении, се лажни. Овие приказни може да се од пред 30 години или пред 30 дена. Не секогаш значи не, тоа е граница што не сум ја преминал. Состаноците беа консензуални. Тешко е да не се доведува во прашање времето на објавување на овие приказни. Не знам со сигурност зошто се појавуваат сега, но знам дека не сум ги нападнал тие жени“, изјави Нот.

Слични објави

Еве што се случува со имотот на Видој по помирувањето на Николина Пишек и Миша Гроф

Еспресо

„Има проблем да се одвои, со него сум и во тоалет“: Марија Шерифовиќ со детали за односот со синот Марио

Еспресо

(Фото) „Тато и неговите наследници“: Богдана објави неодолив момент од Вељко Ражнатовиќ со синовите во Русија

Еспресо

Хороскоп за 22 март: Раковите ќе имаат опуштени разговори со партнерот, Вагите ќе бидат во добро расположение

Еспресо

(Фото) Ја нарекуваат босанската Адријана Лима: Младата водителка на временска прогноза станува сè попопуларна

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо
Се вчитува....