6.8 C
Скопје
09:13 - 1 април, 2026

Адвокатката на Северина: Сега има чувство на олеснување, задоволна е

Адвокатката на Северина Вучковиќ, Јасминка Билош, денеска во Дневникот на телевизија Н1.

Таа вели дека е страшно што еден семеен случај трае толку долго.

„Тоа што една постапка трае десет години е преседан“, рече таа.

На прашањето на водителот дали доцнењето на постапката е намерно, Билош рече: „Не можам да тврдам дека е намерно. Од страна на Северина немаше намера за одлагање“.

По пресудата на Врховниот суд на Република Хрватска, Северина доби силна поддршка од јавноста. Водителот ја праша Јасминка дали ќе имаше нова одлука на Жупанискиот суд во Сплит доколку Северина не излезеше јавно.

„Не можам така да судам. Таа, секако, е задоволна и многу ѝ значеше поддршката од јавноста. Тоа ѝ даде сила и храброст да издржи. Низ сите овие години таа не се скрши“, рече адвокатката.

Многу жени поминуваат низ истото како Северина, но Јасминка вели дека на ваквите случаи не може да се гледа општо.

„Секој случај е индивидуален. Генерално, не можете да претпоставите дека ќе биде исто во сите постапки“, изјави Билош.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....