07:27 - 7 април, 2026

АДЕЛ МУ ДАЛА ГЕНИЈАЛЕН СОВЕТ НА СВОЈОТ СИН: Проблеми кои ги мачат децата на познатите

адел

Адел е позната по тоа што буквално ја влева целата душа во нејзината музика, но за уметник кој може да допре толку многу луѓе со своите песни, таа е прилично затворена кога е во прашање нејзиниот приватен живот.

(ВИДЕО) АДЕЛ СЕ ВРАЌА ПОСИЛНА ОД КОГА БИЛО: Со новата песна „Easy On Me“ го расплака целиот свет

Сепак, откако излезе нејзината нова песна, Адел почна да го промовира претстојниот албум и по тој повод пејачката ги даде првите интервјуа по пет години.

И АДЕЛ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА КАЈ ОПРА: За губењето на сонот за совршено семејство, анксиозноста, слабеењето

Центарот на нејзиниот свет секако, е нејзиниот син Анџело, а последен пат кога била на турнеја, тој бил со неа зад сцената додека таа се подготвувала, па одел со татко му или дадилката пред да започне настапот. Во тоа време, тој сè уште бил премногу мал за да сфати колку е позната неговата мајка.

Адел уште повеќе се уверила во тоа кога го однела на концерт на Тејлор Свифт во 2018 година.

„Нему му падна вилицата кога виде преполн стадион“, изјави таа за американски „Вог“. „Навистина се изнервирав! Реков дека тоа го правам и јас. Тој праша дали Тејлор Свифт може да дојде на мојата турнеја и да седне до него“.

АДЕЛ Е СРЕЌНА: Британската пејачка и американскиот спортски агент веќе не ја кријат својата љубов

Исто така, Адел имала симпатичен совет за Анџело кога децата во училиште го испрашувале за неговата позната мајка.

„Имаше неколку постари девојки кои го бркаа наоколу, прашувајќи го дали сум му мајка“, се сеќава Адел. „Тој само рекол: „Мислам дека се вика Адел, да. Мајка ми. Мојата мајка“. Јас не сум Адел за него. Тој се чувствуваше како да го малтретираат затоа што го нервираа. Му реков: „Тоа не е малтретирање. Само кажи им: „Да, таа е мојата мајка. Ми го бришеше задникот“.

 

АДЕЛ ЗА ДРАСТИЧНАТА ПРОМЕНА , РАСПАДОТ НА БРАКОТ И НОВАТА ЉУБОВ: Се појави на две насловни на „Вог“

Слични објави

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо
Се вчитува....