15:14 - 3 април, 2026

Аца Лукас заврши во Ургентен: Се движи со потешкотии поради силни болки

Познатиот пејач Аца Лукас денеска бил примен во Ургентниот центар поради болки во кичмата. Според неофицијални информации, при пристигнувањето во болницата се движел со потешкотии и им се пожалил на лекарите на вкочанетост и непријатност при движење.

Во моментот, фолкерот е на испитувања, а лекарскиот тим ја следи неговата здравствена состојба.

Да потсетиме, Лукас и минатата година заврши во Ургентен центар, кога имал покачена температура над 40 степени и висок ЦРП (показател за воспаление во телото).

По тогашната здравствена криза, тој се огласи преку Инстаграм и порача: „Драги мои, еве, фала му на Бога, жив сум, здрав сум! Турнејата продолжува од 5 август па натаму, според распоредот. Сите што сте заинтересирани, знаете. Ве поздравува вашиот Аца Лукас.“

Инаку, пејачот неодамна се пресели од Белград во Нови Сад, каде што сега живее

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.
Се вчитува....