10.8 C
Скопје
17:51 - 29 март, 2026

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Српскиот пејач Аца Лукас бил уапсен од граничната полиција на аеродром во Гетеборг, објави српскиот медиум Курир, повикувајќи се на неофицијални извори.
Според истите информации, Лукас бил запрен при пасошка контрола, по што бил задржан на дополнително испрашување. По проверките, надлежните донеле одлука да не му дозволат влез во Шведска, од засега непознати причини.
Пејачот требало вечерва да настапи во Гетеборг заедно со Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гиле Јашарспахиќ, кои, според извештаите, без проблем ја поминале граничната контрола и влегле во земјата.
Неофицијално, се очекува Лукас да биде депортиран во наредните часови, додека во моментов се наоѓа под надзор и ја чека понатамошната процедура.
Ситуацијата создаде проблеми за организаторите на концертот, бидејќи Лукас бил една од главните ѕвезди на вечерта. Засега не е познато дали настанот ќе биде откажан или ќе се одржи без него.
До објавувањето на веста нема официјална потврда за случајот, ниту реакција од тимот на пејачот. Обидите да се стапи во контакт со него останале без одговор.

Слични објави

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо
Се вчитува....