14:44 - 5 април, 2026

9-ГОДИШНО МОМЧЕ Е ПОСЛЕДНАТА ЖРТВА ОД АСТРОВОРЛД: Езра Блаунт почина од повредите во стампедото

По напливот на толпата на фестивалот „Астроворлд“ во Хјустон, Тексас, Езра Блаунт(9) кој беше ставен во индуцирана кома почина, пренесува „BBC“.

Езра Блаунт беше на апарати за одржување во живот во болница поради тешка траума на мозокот и органите од концертот на 5 ноември. Тој е најмладиот од 10-те посетители на концертот кои беа убиени откако избувна стампедо за време на главниот настап на раперот Тревис Скот. Стотици други беа повредени кога толпата почна да притиска кон сцената.

Во неделата, адвокат на семејството на Езра Блаунт ја потврди смртта на момчето.

„Смртта на Езра е апсолутно срцепарателна“, рече во изјавата адвокатот за граѓански права Бен Крамп. „Ова не требаше да биде исходот од носењето на нивниот син на концерт“.

Во претходно интервју за локален медиум, таткото на Езра, Трестон Блаунт, рече дека „не е подготвен да го изгуби своето момче“. „Имаме уште многу живот“, опишувајќи како неговиот син бил огромен обожавател на Скот и бил многу возбуден пред настапот.

(ВИДЕО)СТАМПЕДО НА КОНЦЕРТ: 8 мртви на настапот на Тревис Скот, партнерот на Кајли Џенер

Напливот на толпата на концертот започна околу 21:15 часот по локално време во петокот, 5 ноември. На фестивалот имаше околу 50.000 луѓе.

„Кога мојот син отиде на концерт, го носеше внук ми на рамо“, изјави дедото на починатото момче. „Сите луѓе се туркаа нанапред, и тој не можеше да дише, па на крајот се онесвести поради сиот притисок што се вршеше врз неговото тело. А кога се онесвести, Езра падна од рамото и падна во толпата“, пренесува „CNN“.

Кога таткото се разбудил, Езра веќе бил однесен во детската болница во Тексас како Џон До, рече тој. „Тие не знаеја ништо за него, дури ни неговото име бидејќи се раздели од мојот син“, рече Бернон Блаунт.

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо

(Фото) „Добредојдовте дома“: Милица Тодоровиќ отиде во родниот Крушевац со синот Богдан пред Велигден

Еспресо
Се вчитува....