7.8 C
Скопје
18:57 - 1 април, 2026

Анабела Атијас ќе ја тужи Весна Ѓогани: „Време е да престанеш да лажеш во врска со мене!“

Анабела Атијас е решена да ја тужи Весна Ѓогани, откако таа неодамна изнесе сериозни обвинувања во јавноста.

Како што пренесуваат медиумите, капката што ја прелеа чашата била тврдењето на Весна дека Анабела и Гаги Ѓогани ја виделе Слаѓа Делибашиќ како се држи за рака со семеен пријател во хотелско лоби, додека сè уште била во брак со Ѓоле Ѓогани и дека тие му го соопштиле тоа на Ѓоле.

Весна тврди дека токму тоа било причината за разводот меѓу Слаѓа и Ѓоле, а не нејзиното влегување во нивниот живот, како што се шпекулираше со години.

Овие изјави ја разлутија Анабела, која категорично ги отфрли тврдењата, велејќи дека станува збор за апсолутна лага.

„Не знам зошто го прави ова? Се слушнав со Гаги и тоа не е вистина! Ние од Ѓоле дознавме дека тие се разведуваат. Не ми е јасна целта на Весна – дали сака медиумско внимание? Но ова е крај!“, изјави таа видно вознемирена.

Извор близок до Анабела открива дека таа веќе се консултира со адвокат и подготвува тужба

„Постојано ја спомнува, и тоа во негативен контекст. Анабела не сака веќе да молчи. Одлучи да ја тужи Весна и конечно да стави крај на ваквите приказни“, вели изворот.

Наводно, Анабела стапила во контакт и со Слаѓа, која исто така негирала било каква поврзаност со ваквите наводи. И Гаги Ѓогани, според истиот извор, бил бесен и ја поддржал Анабела во нејзината одлука, велејќи дека и нему му е преку глава од „намерните глупости“ на Весна.

Слични објави

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо
Се вчитува....