20:35 - 4 април, 2026

„Плачам и по 300 километри додека возам!“ Голема исповед на Харис Џиновиќ за разводот со Мелина и за децата

Пејачот Харис Џиновиќ, кој се разведе од сопругата Мелина по повеќе од две децении брак, отворено проговори за семејството, разводот и односот со децата Кан и Џина и истакна дека често плачел по разделбата со сопругата.

Иако медиумите со месеци зборуваат за неговиот развод од сопругата Мелина, Харис открива како се справува со толку големо медиумско внимание.

– Тоа за мене не беше турбуленција, разводот не е турбуленција. Милијарди бракови се разведени, за мене тоа е нормална работа. Некој повеќе не сака да живее со некого, што сега, едноставно не сака. Сè има свој век на траење, јас не гледам на тоа трагично – рекол Харис, а потоа продолжил:

– Се грижам сè да помине колку што е можно помирно, двете страни да бидат задоволни. Некој секогаш ќе биде оштетен, но Боже мој. Тоа е она што е, само нека е мирно.

Харис Џиновиќ истакнал дека неретко и заплакува, што му се и случило по разводот со Мелина.

– Емотивен сум, но секогаш се трудам да ја потиснам таа емоција. Често им кажувам на пријателите, ако седнам во автомобил и ме „погоди“ некоја песна, можам да плачам и по 300 километри. Така се случува, надоаѓаат некои чудни емоции кои не им дозволуваат на солзите да престанат – открил пејачот.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се заедно откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....