10:49 - 4 април, 2026

15 минути разговор: Дали би платиле за онлајн состанок со Кијану Ривс?

Актерот Кијану Ривс ќе има видеоразговор преку апликацијата „Зум“, со обожавателот што ќе понуди најмногу пари за „Кем рејнбоу голд“ – хуманитарна организација за деца заболени од рак.

„Го познавате. Го обожавате. Ова е навистина непроценлива можност да разговарате со него од дома“, се вели во описот. Наддавањето се затвора в понеделник, а датумот за разговор со Ривс е планиран за почетокот на јули.

Онлајн средбата со Кијану е со почетна цена од 9.800 долари.

Највисоката виртуелна понуда за овој видеоразговор досега достигна над 16.000 долари.

Предвидено е разговорот со холивудската ѕвезда да трае 15 минути, со веќе подготвени прашања.

Сиот приход од овие „15 минути слава со Кијану Ривс“ ќе ѝ биде директно уплатен на организацијата со седиште во Атланта.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....