14.8 C
Скопје
17:28 - 11 март, 2026

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Пејачката Надица Адемов доживеала непријатност за време на снимањето на еден од своите спотови, кога почувствувала слабост и се онесвестила пред дел од екипата. Таа подоцна изјави дека ситуацијата била незгодна, но дека на крај сè завршило без посериозни последици.

Гостувајќи кај Огњен Амиџиќ во неговата емисија, беше емитуван дел од снимањето на спотот, на кој се гледа како Надика вели дека некој треба да ѝ пријде и да ја придржи. Набргу потоа, таа се струполила во рацете на соработник, кој веднаш ја однел до столче за да се соземе.

Објаснувајќи што се случило, пејачката посочи дека тоа бил нејзиниот прв спот и прва соработка со режисерот Кеки. Денот бил исклучително топол, а сцената што ја снимале била прва по ред.

„Имав трема и не спиев, сè се поклопи. Барем ги предупредив дека ќе се срушам“, изјави таа низ насмевка.

Осврнувајќи се и на новогодишниот настап кој предизвика реакции во јавноста, Надика потсети дека одбила да пее во терминот од 3 до 5 часот наутро, тврдејќи дека организаторот не го испочитувал договорот.

„Тоа беше од страна на организаторот, не на пејачите. Не сакав некој да ме прави будала. Излегов и го кажав тоа што го мислев. Гледам дека луѓето ме поддржаа“, рече таа, додавајќи дека случајот сè уште не е целосно разрешен, но очекува да биде затворен наскоро.

Пејачката нагласи дека и покрај непријатните моменти, продолжува со работа и нови проекти.

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо
Се вчитува....