3.8 C
Скопје
21:09 - 20 декември, 2024

Живеела како калуѓерка, а потоа станала ѕвезда во филмовите за возрасни: Црквата ме уништи, а ова ми беше најголемиот проблем!

Приказната за Американката која од голем верник се претвори во порно-ѕвезда, ја шокираше јавноста.

Ади Ендруз (30) пораснала во мал град лоциран на северо-западниот дел од Пацификот, а родителите цел живот ја учеле да биде религиозна. Кога имала 17 години се зачленила во Мормонската црква каде живеела по нивните правила.

„Се чувствувам најисполнета кога физички им помагам на луѓето“, рекла Ади која еден период од животот го живеела во целибат.

View this post on Instagram

More gorgeous photos from my shoot with @daniel28.img ?

A post shared by Addie Andrews (@iamaddieandrews) on

Мормонската религија сексуалните односи ги смета за грев, но сето тоа го трпела поради верата. Таа изјавила дека првпат спиела со маж, пред да се преобрати во верата, но тоа и понатаму и го земале за зло.

„Проблемот не беше во тоа што не можев да имам полов однос, туку тоа што тие водењето љубов пред бракот го сметаа за многу сериозен грев. Што подлабоко навлегував во религијата, се подалеку бев од својот идентитет“, изјавила таа за интервју на весникот „Њујорк пост“.

https://www.instagram.com/p/B2c-o45FpJP/

Поради стравот да не направи грев, вторпат кога спиела со некој маж било дури на 26 години.

„Бев многу потисната сексуално. Буквално сте калуѓерка, посветени на својата вера во таа доба“ објаснила атрактивната русокоса која освен тоа што не можела да биде сексуално активна, исто така не можела да гледа филмови со семејството за време на викендите, како ни да биде деверица на венчавката на сестра си, бидејќи фустанот кој требала да го носи бил премногу разголен. Во тој момент и „пукнал филмот“.

Поради тоа во 2017 година престанала да биде дел од Мормоните, а следната година се преселила во Калифорнија со надеж да стане актерка. И покрај тоа што има диплома од Универзитетот „Brigham Young“, не можела да се вработи ни како келнерка. Се обидела како егзотична танчерка, а наскоро започнале да и се јавуваат бројни агенти во потрага по нови актери во филмови за возрасни.

Во јануари оваа година, русокосата сепак одлучила да се испроба и во оваа работа, а многу брзо после тоа станала и доста популарна, со дури 70.000 следбеници на социјалните мрежи. Во меѓувреме и нејзините блиски се помириле со нејзината нова професија.

„Знаев дека ќе бидат малку во шок кога им кажав. Брат ми рече дека веќе никогаш нема да гледа порно-филмови, но дека изгледам посреќна отколку било кога и затоа ме поддржува“, објаснува актерката која моментално живее на Флорида.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....