3.8 C
Скопје
03:26 - 17 ноември, 2024

„Видов ГОЛЕМИ ГРАДИ и ЛЕСЕН СЕКС“: Кога пораката ќе стигне на погрешна адреса!

Една млада жена сакала да запознае маж со помош на апликацијата за поврзување Бамбл, но приказната тргнала во погрешна насока. Откако договориле состанок, мажот случајно и открил на Саманта нешто што ниту една жена не сака да го слушне.

Саманта, 25-годишна девојка од Тускалоса, Алабама, вработена во одделот за маркетинг во здравствената администрација, се соочила со малтретирање кога почнала да се допишува со маж по име Џејк на апликацијата за запознавање Бамбл.

Пред да стапи во контакт со Џејк, Сем била во врска и со друг маж кого исто така го запознала на Бамбл, но и раскинал поради нејзината тежина.

Несигурноста на Саманта

„Имајте на ум дека почнав да слабеам, изгубив повеќе од 23 килограми“, изјави Сем за BuzzFeed.

„Тој знаеше за тоа, како и за мојата несигурност и стравот да излегувам пред да ослабам. Му открив многу интимни работи за себе и не очекував дека исходот ќе биде таков. Всушност, се случи токму тоа од што се плашев, се случи веднаш штом попуштив“, додаде Сем.

Пријателите ја убедиле и Сем одлучила да се обиде повторно, па се поврзала со Џејк преку апликацијата. Работите тргнале добро и Сем ја прифатила неговата покана да излезат на вечера.
Потоа, околу еден час откако се договориле, Џејк несакајќи и испратил на Саманта порака што не била наменета за неа, а таа веднаш ја споделила на Тикток за сите да ја видат.

Како почнало

Џејк: Да, едвај чекам да те запознаам! Прекрасна си. Ти одговара во 19 часот?
Сем: Фала, тоа е убаво. Да, ми одговара тоа време.
Џејк: Ќе дојдам директно од работа, па ќе мора да ја гледаш мојата работна униформа.
Сем: Хаха, не грижи се, јас правев пилинг, те разбирам.
Џејк: Сигурен сум дека секако изгледаш убаво. Среќник сум што те убедив да излезеш.

Како завршило

Џејк: Не, брат, таа е солидна четворка и сигурно толку ќе и биде, но очајните времиња бараат очајни мерки, а питачите не можат да пребираат. Видов само гради и лесен секс.

Џејк: По ѓаволите, извини, не сакав да ти го испратам тоа. Зборував за некој друг и случајно кликнав на твојата слика. Моја грешка.

Саманта веднаш ги споделила тие пораки на нејзиниот Тикток и видеото до денес има над 12 милиони прегледи и над 25.000 коментари.

@samantha_roseeeee

Jacody is sh!tting himself. Check out my @BuzzFeed article to hear my thoughts/advice on dating in 2022 #greenscreenvideo #greenscreen #buzzfeed #ohhijake #relationshipadvice #datingadvice #datinginyour20s #datingin2022 #dating #datingtips #bumble #bumbledate #tinderdate #datingapp #datingappadvice #datingappfail #datingappsbelike

♬ оригинальный звук – ezi4kaa

Како се чувствува Саманта после тоа

„Кога ја прочитав пораката, бев целосно запрепастена. Се сеќавам дека пред неколку месеци на Тикток прочитав за еден дечко што правел нешто слично и искрено, помислив дека е лага и дека нема шанса мажите на наша возраст да го прават тоа. Морав да прочитам неколку пати за да разберам“, изјави Саманта за BuzzFeed.

Сем не отишла на состанокот, ниту му одговорила на Џејк

Сем не му одговорила на Џејк, ниту пак излегла со него на вечера после тоа, поради што тој и испратил уште полоши пораки докажувајќи дека ја донела вистинската одлука.

Џејк: Значи, едноставно не се појавуваш и потоа правиш видео на Tикток за мене? Тоа беше шега, но требаше да сфатам дека си луда кога рече дека си згрижувачки родител. Не можеш да најдеш маж, па вдомуваш скршени мали деца да ти ја пополнат таа празнина.

Што покажале истражувањата?

Студијата на Истражувачкиот центар Pew покажала дека 57% од жените на возраст од 18 до 34 години доживеале сексуално експлицитни пораки на апликации за запознавање и добиле фотографии кои не ги побарале, 19% жени добиле физички закани, а 53% од жените не веруваат дека апликациите за запознавање се безбеден начин да запознаете некого.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by S A M M Y B (@samandthestars)

Слични објави

(Видео) „Ќе бидам со тебе до крајот на мојот живот“: Анастасија Ражнатовиќ со емотивна објава за роденденот на Гудељ

Еспресо

Ќе се шокирате кога ќе дознаете што е Дарко Лазиќ по професија

Еспресо

(Видео) Скандалозно однесување на Теа Таировиќ: Направи драма поради осветлувањето и ги шокираше присутните

Еспресо

(Видео) Се огласи сопругата на Милан Калиниќ по разводот: „Сè е џабе…“

Еспресо

Петар Грашо по раѓањето на синот: „Мојот тест Тончи никогаш во животот не сменил сијалица, а камоли пелена“

Еспресо

Синот на Марија Шерифовиќ ја напушта Србија, пејачката му купила стан во Западен Холивуд

Еспресо
Се вчитува....