Младата девојка од малото село Лукавац кај Тузла, Дијана Беќировиќ станала светска ѕвезда што направила интервјуа со двајца папи, познати спортисти и политичари, го завела Ал Пачино, а како што вели, не и одолеал ниту Горан Бреговиќ. Таа се сеќава и дека Ники Лауда се тепал поради неа, дека Род Стјуарт и Кевин Костнер и се „пуштале“ и дека разговарала со папата Павле Втори иако била „пијана и во мини сукња“.
Својата манекенска кариера ја започнала на 14 години, а во осумдесеттите важела за секс бомба на поранешна Југославија. Оваа Босанка направила импресивна меѓународна кариера работејќи како новинарка. Своевремено се фотографирала за магазинот „Старт“, како и за познатиот „Плејбој“, а за неа велеле дека е првата југословенска старлета.
Ќе остане запаметена и како новинарката што го направила последното интервју со познатиот возач на Формула 1, Аиртон Сена. На 1 мај 1994 година, Бразилецот загина во сообраќајна несреќа за време на трката во Сан Марино, а Дијана два дена претходно му правела интервју.
„Го прашав зошто се крсти пред да влезе во автомобилот и дали знае што значи тоа. Многу луѓе не знаат зошто се крстат. Сена имаше одлични одговори бидејќи го истражувал тоа, тој не беше површен. Второто прашање беше „Што мислиш кога возиш 300 километри на час?“ па „Дали веруваш во живот после смртта?“ На тоа најдолго се задржавме. Тој имаше голема мисија на овој свет. Мислам дека неговата смрт почна да ја буди совеста на луѓето. Тој беше многу ранлив“, се присети таа.
Како што вели, Арнолд Шварценегер отворено и се „пуштал“, а еднаш изјавила дека ја обвиниле за распадот на „Бјело дугме“.
„Живеев во Милано и се дружев со Владо Правдиќ, клавијатуристот на „Бјело дугме“. Тој беше вљубен во мене, но потоа се појави Горан Бреговиќ, а кога тој нешто сака, тоа го добива. Така се скараа двајцата членови на бендот. А дали Горан ме украде од Владо? Па, да“, рече таа во една прилика.
Дијана денес има 59 години и веќе подолго време живее во Лос Анџелес.
View this post on Instagram
View this post on Instagram