9.8 C
Скопје
08:42 - 19 март, 2024

Супер местенце во ладовина – Етно ресторан „Куклица“

Трпезата ја разубавивме со специјалитетите на етно ресторанот: кукличка плескавица од петстотини грама, куклички колбас, кукличка тава, вртена баница, мантии и качамак со сланина. Ако сте пак, за лепче меко како добра душичка, пробајте од домашното печено во фурна, од ржано брашно.

Во летниве жештини привилегија е да избегаме од жешкиот асфалт и да се почестиме со релаксација во амбиент кој нуди свежина, одлична храна, па дури и можност за ноќевање. Сè на едно место најдовме во етно ресторанот „Куклица“ во селото Куклица. Селото се наоѓа во областа Средорек, на 8 километри северозападно од Кратово, сместено на десната долинска страна на Крива Река, а ресторанот „Куклица“ е на 11 километри од Кратово, на само три километри од главниот пат. Домаќините љубезно ни објаснија дека се стигнува лесно, преку селото Кетеново, само се следи асфалтираниот пат и дека не може да се погреши.

– Идејата за ресторан дојде сосема случајно, претходно беше приватна викендица, со тек на време почнавме да го прошируваме дворот, гостите сами почнаа да доаѓаат и да прашуваат за кафе, вода, тоалет… – ни објаснуваат домаќините.

Предноста на ова прекрасно местенце е што е далеку од градските метежи, изобилството од зеленило фасцинира, а тука се и различните овошни дрвја кои даруваат длабока ладовинка и сенка. Земете си ги и дечињата – има базен и детстко катче, или во превод, многу забава и игра.

– Имаме наша бавча каде што произведуваме краставици, домати, тикви, пиперки, марула, компир… речиси целиот избор на салати што се послужуваат во ресторанот се од домашно произведен зелечнук – велат домаќините.

Кога сме кај салатите, не ја прескокнувајте салата – даската „Куклица“ на која има различни домашни прекраснотии. Се разбира, не остануваме само на салати. Трпезата ја разубавуваме со специјалитетите на етно ресторанот – кукличка плескавица од петстотини грама, куклички колбас, кукличка тава, вртена баница, мантии и качамак со сланина. Ако сте пак, за лепче меко како добра душичка, пробајте од домашното печено во фурна, од ржано брашно. Толку е вкусно што може да го јадете и само со патлиџан-јабучар, селски пиперки, везенки „изгор“ лути, тукушто скинати од бавча, со макало од кое има повеќе видови. Или, на пример, со пилешки прсти кои се „за прсти да излижеш“.

Кога сте веќе тука, дополнете го денот со посета на Камените кукли кои се во непосредна близина на етно ресторанот „Куклица“ и по кои селото, и ресторанот, го носат своето име.

Ако ви недостига време, а сигурно така ќе биде, резервирајте си и ноќевање во една од собите или апартманите во составот на ресторанот „Куклица“. Цената по ноќ за двајца со вклучен појадок е 1.600 денари.

Во непосредна близина на етно ресторанот „Куклица“ се наоѓаат Камените кукли, уметничко дело на природата старо над 50 илјади години настанато со ерозија на вулканските карпи. Во Камениот град ќе ве пресретнат 135 камени столбови, во кои, со малку фантазија ќе ги препознаете ликовите од легендата. Според легендата, многу одамна во селото Куклица едно момче, во кое една девојка била вљубена, се оженило со друга девојка која била од богато семејство. Сиромашката, разочарана девојка тогаш ги проколната младенците. А кога дошла на ред свадбата, стасале сватовите и гостите и… во мигот кога младите се бакнале, клетвата се остварила, па така сите свадбари се скамениле. Скаменетите свадбари и денес сведочат за болката и тагата на напуштената девојка. Меѓу локалните жители местото е познато како „Весела свадба“ зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка.

Слични објави

На седмо небо: Три хороскопски знаци ќе ја најдат судбинската љубов многу наскоро

еспресо

(Фото) Ким Кардашијан покажа ретка фотографија пред пластичните операции: Нема да ја препознаете!

еспресо

„Немам дечко веќе 40 дена“: Дара Бубамара отворено за мажите и врските

Еспресо

(Видео) Лозано има нова песна, слушнете ја „Бариера“

еспресо

Невкусен мајтап на Ким Кардашијан на сметка на „исчезнатата“ принцеза: „Одам да ја најдам Кејт“

еспресо

(Видео) Теа Таировиќ провоцира: Пејачката заводливо танцува во тесни хеланки

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....