-2.2 C
Скопје
19:36 - 22 декември, 2024

(ФОТО) „Голата венчаница“ предизвика жестоки полемики: „Нешто треба да се зачува и за првата брачна ноќ!“

Таканаречените „голи фустани“ се во мода последниве години, а судејќи според модната недела во Барселона, овој тренд во блиска иднина нема да исчезне. Иако малку сексапил е секогаш добредојден, фустанот на брендот „Rue De Seine“ освен пофалби доби и критики.

Станува збор за фустан до подот, кој чини речиси 4.000 евра, а толку е проѕирен што под него дефинитивно мора да облечете нешто друго доколку планирате во него да одите до олтарот.

Откако фустанот беше објавен на Инстаграмот на модната куќа, многумина ги оставија своите критики без двоумење.

Некои се убедени дека фустанот всушност е креиран за првата брачна ноќ, а не за денот на венчавката.

„Горниот дел е преубав, но покажувањето на задникот за мене е преромантично“, се пошегува еден корисник на Инстаграм.

„Зачувајте нешто за спалната соба. Да имаше постава, ќе беше преубав, вака е само е евтин фустан за стриптизерки“, тврди друг.

Има и такви на кои фустанот им е совршен таков каков што е.

„Ова ми е најубав фустан досега“, напиша една корисничка, додека друга додаде: „Би се омажила само за да можам да го носам овој фустан“.

Слични објави

(Фото) Најубавата пливачка е исфрлена од олимпиското село, токму поради убавината: Што се знае за скандалот

еспресо

Прогласени се топ три најубави актерки на сите времиња: Ќе се изненадите од победничките на листата

еспресо

(Фото) Дрејк, Адел,100 готвачи и по 10 илјади долари подарок за секој гостин: Детали за свадбата на најбогатиот младоженец во Индија

еспресо

(Фото) Клиника „Жан Митрев“ се проширува со оддел стоматологија и нови услуги во центарот за естетска дерматологија

jasmina.kantardzieva

(Фото) Модата и филмот тема на годишната ревија на институтот „Изет Цури“

еспресо

Голема ретроспективна изложба на сликарот Мирослав Масин е поставена во Даутпашин амам

еспресо
Се вчитува....