11:30 - 29 март, 2026

Според филозофијата на Фенг шуи, за овие 3 работи нема место во вашиот дом

Според филозофијата на Фенг шуи, поединечни работи во нашиот дом можат да привлечат негативна енергија и да ја блокираат позитивната. Токму поради тоа потребно е да се ослободите од таквите предмети.

Во продолжение, погледнете кои се трите предмети од кои треба да се ослободите за мирен и посреќен живот.

Суво цвеќе и овенати билки

Со тоа што билките симболизираат раст и напредок, сувото цвеќе или овенатите билки според традицијата на Фенг шуи треба веднаш да се исфрлат. Старото и овенато цвеќе претставува стагнација која не допушта напредок во било кој правец од животот.

Затоа, ослободете се од стариот букет и одберете разнобојни цвеќиња со кои ќе го освежите вашиот простор.

Скршени предмети

Според филозофијата на Фенг шуи, оштетените, скршените и нефункционалните предмети со текот на времето имаат негативно влијание врз вашиот живот.

Многу е подобро да го оставите просторот празен отколку да чувате скршени и нефункционални предмети, сметаат експертите за Фенг шуи.

Непосакувани подароци

Наспроти позитивните намери, многумина од нас барем еднаш во животот добиле подарок кој не го сакале. Иако треба да го цените гестот, чувањето на непосакувани предмети во домот влијае на мирот и среќата. Затоа, допуштете си да ги донирате или да ги подарите предметите на друга личност која со сигурност би ги сакала.

Слични објави

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо
Се вчитува....