02:06 - 2 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОВСКИ НАЈАВУВА: Намалување на температурите и дожд, проверете кога!

– Како што најавивме и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно, а особено во среда ќе има и повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, вели метео прогнозерот Славчо Поповски.

Поголем пораст на максималните температури се очекува од четврток и истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени и ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината.

И во Скопскиот регион во следните неколку денови времето ќе се задржи променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Во среда ќе има услови и за послаби врнежи од дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 14 степени.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....