21:28 - 5 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Заладување и вржени, еве кога!

– Како што најавивме, утре времето во Македонија ќе се задржи претежно сончево, додека од недела па натаму ќе има повторно зголемување на облачноста и ќе има појава на повремен локален дожд, вели Славчо Попоски.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Заладување на времето ќе има од вторник, кога врнежи од дожд ќе има речиси насекаде и истите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на повисоките места и на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Сево ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец.

И во Скопскиот регион времето утре ќе се задржи претежно сончево, додека од недела па натаму ќе има повторно зголемување на облачност, и ќе има услови за повремен локален дожд. Поголеми услови за врнежи ќе има во вторник кога ќе има и заладување на времето, проследено со засилен ветер од северен правец. Максималните температури во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 17 степени.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....