6.8 C
Скопје
02:20 - 31 март, 2026

Што предвиде Баба Ванѓа за 2022 година?

Кога во 1996 година го напушти овој свет, најпознатата предвидувачка во светот, Баба Ванѓа, оставила низа пророштва до 5079 година.

Меѓу тие пророштва има и такви кои се однесуваат на 2022 година, а едно од нив, верувале или не, дури и се оствари. Баба Ванѓа во минатото веќе знаела да погоди, односно да предвиди дека некои настани ќе се остварат. На пример, таа ја предвидела смртта на принцезата Дијана, го предвидела 11. септември и терористичкиот напад на кулите близначки, како и тоа дека Барак Обама ќе биде претседател на САД.

Ванѓа имала точни предвидувања и за оваа година. Таа предвиде дека делови од Азија и Австралија ќе бидат погодени од разорни поплави, а тоа и се случи. Таа предвидела и дека годинава ќе има невидени суши и дека многу градови ќе останат без вода. Тоа се случи во Велика Британија, која прогласи суша на 12 август.

Страшно е и во Португалија и Италија, каде што граѓаните се повикуваат да ја зачуваат водата и каде е прогласена најтешката суша од 1950 година.

Тоа се веќе две предвидувања кои таа ги погодила за оваа година. А што следува? Баба Ванѓа тврдела дека ќе не погоди наезда од скакулци, како и глад.

Предвидела и нова пандемија, но овој пат според нејзините пророштва ќе станува збор за смртоносен вирус кој истражувачите случајно ќе го откријат во Сибир.

Таа предвиде и глад во Индија и екстремни температури.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....