20:58 - 30 јануари, 2026

Сексуалните апетити на најпосакуваните жени во светот 2: Катарина Велика се сетила на 16.527 љубовници

Ќе останат запаметени како најфатални заводнички на сите времиња.

Биле најпосакувани жени во светот, имале многу стил, но и неверојатен апетит за сексуален живот.

Несоницата ја лекувала со секс и воајерство

Сексуалниот капацитет на прочуената руска владетелка Катарина Велика (1729-1796) не можел да се измери. Имала 21-годишен официјален љубовник и околу 60 попатни љубовници. Патела од несоница за која тврдела дека најдобро се лекува со секс. Покрај секојдневните напорни сеанси неопходни за нејзиното здравје сакала и да гледа, па така спаѓа и во познатите воајери.

By Vigilius Eriksen, Public Domain, Wikimedia Commons

Се сетила на 16.527 љубовници

Една од најнезаситните жени на планетава на сите времиња била познатата глумица Дибоа (18 век) од тогашна Франција. Популарните тогашни хроничари напишале дека нејзината љубов кон златото е еднаква само на нејзината страст. Глумицата составувала каталог-книга од своите љубовници во текот на 20 години на својата најголема активност. На страниците на нејзината автобиографија се нашле 16.527 машки имиња, а тоа покажува дека сексуално ја задоволувале по три мажи дневно. Најверојатно по еден за појдаок, ручек и вечера. А дали имала „ужинка“, може само да се претпостави зашто зборувала дека многу имиња не се запишани во книгата.

15 часа секс

Уште една раскалашена актерка со заносни облини била Ме Вест. Оваа холивудска ѕвезда била една од ретките која јавно говорела за своите сексуални искуства.

„Во кревет се создаваат моите најдобри дела. Не се знае точниот број на моите љубовници“, велела Вест која во своите мемоари напишала дека со извесен Тед била „споена“ 15 часа.

Image result for me west

На кралевите им давала по 10 оргазми на ден

Лола Монтез (1818-1861) е една од ретките жени во историјата која имала сè што посакувала во животот. Уште на 13-годишна возраст открила дека на своето тело може да заработува и да си ги остварува соништата. Но не може да се каже дека не ѝ било важно со кого ја делела постелата зашто одбивала дури и заводници со сина крв. Нејзината љубов не ја добил престолонаследникот на Полска зашто имал вештачки заби. Откако заводливата Лола сменила три мажи и безброј љубовници, меѓу кои бил и Франц Лист, станала љубовница на баварскиот крал Лудвиг Први, кој ја прогласил за баронеса и контеса.  Кралот го „вртела“ околу малиот прст, а тој не можел да живее без нејзината љубов по цена да ја загуби круната. Нејзината тајна моќ во љубовта, како што е забележано, била во контролата на некои мускули. Така можела на секој маж да му пружи и 10 оргазми на ден. По абдикцијата на Лудвиг, побегнала во Англија, а оттаму во Америка каде веќе стара, се посветила на грижата за жените кои „тргнале по погрешен пат“.

Profimedia

Слични објави

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо
Се вчитува....