-0.2 C
Скопје
02:18 - 19 декември, 2024

Зошто понеделникот секогаш ни е толку тежок?

Бројни студии покажаа дека на повеќето од нас расположението во понеделник им е полошо отколку во другите денови во неделата. Феноменот е опејуван и во многу песни, а стручњаците ги издвоија причините поради кои тој ден толку тешко ни паѓа.

Телесниот ритам е пореметен

Постојат физиолошки причини кои објаснуваат зошто природниот телесен циклус ни е пореметен во понеделник, а тоа посебно се однесува на оние кои работат од понеделник до петок. Проблемот е во тоа што за викенд повеќе спиеме во споредба со остатокот од неделата, па во понеделник телото повторно се прилагодува на порано будење.

Покрај тоа, некои можеби викендот ќе го искористат за излегување или можност да останат будни до доцна, а поради тоа во понеделник ќе бидат уморни.

Кога сме уморни, имаме намалена толеранција, нетрпеливи сме и лошо расположени“, вели д-р Санем Хафез, психолог од Њујорк.

Сме го изгубиле чувството на слобода

Најчестата причина поради која луѓето сметаат дека понеделникот е многу тежок е бидејќи следи по два дена уживање. Ова масовно емоционално поместување на некои навистина може да им го направи понеделникот навистина тежок и ужасен“, вели Хафез.

Не си ја сакаме работата

Уште една вообичаена причина поради која луѓето го мразат понеделникот е ако тие не си ја сакаат работата или таа им е исклучително стресна. Тогаш е можно дури и да се доживее физичка реакција како налет на адреналин или мачнина.

Без оглед дали се работи за шеф кој многу бара или токсични колеги, чувствата на мачнина и депресија можат да се појават проквечер во недела, а поради тоа е тешко да се чувствува радост поради враќање на работа во понеделник“, објаснува Хафез.

Не сме се подготвиле

Понеделниците на луѓето можат да им се чинат како натрупани со обврски, но многумина не сфаќаат дека самите се можеби виновни за тоа. Кога некој не успева да се подготви, потсвесно се подготвува за неуспех. Ако неделата не се користи да се организираме, понеделникот може да биде многу стресен и неподнослив“, вели Хафез.

Нашата култура ни зборува дека го мразиме понеделникот

Живееме во култура во која вообичаениот став кон работата е одразен во изјавата „Фала богу што е петок“, а понеделниците станаа заеднички непријател“, вели Беки Стуемфиг, семеен советник од Калифорнија.

Не сакаме промени

Клиничкиот психолог од Чикаго, Џон Мајер, вели дека не ги сакаме понеделниците и поради тоа што носат чувсто на промена.

Понеделниците вклучуваат транзиција, а луѓето чувствуваат тегоба пред, во текот и по транзицијата, бидејќи транзициите секогаш претставуваат нешто непознато, а почетокот на работната недела обично крие доста непознаници.“

Како и да е, но понеделникот мора да дојде на почетокот од секоја работна недела. Затоа, организирајте се и подгответе се и нема да ви биде толку стресен.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....