18:04 - 7 април, 2026

Згодната Дуа Липа во проѕирни хеланки ги привлече сите погледи (ФОТО)

Дуа Липа (24) моментално е во Њујорк каде што го снима новиот спот. Освен што напорно ќе работи, ќе најде време и да се дружи со своето момче, моделот Анвар Хадид (20), кој е брат на познатите манекенки Џиџи (24) и Бела Хадид (23).

Profimedia

Британската пејачка со потекло од Косово, редновно ги посетува тренинзите. Токму поради таа причина е во одлична форма и има совршена линија на која ѝ завидуваат бројни дами. Додека во средата се враќала од јога, фотографирана е од страна на папараците, а овој пат целото внимание е на нејзиното тело и стајлинг.

Таа облече проѕирни хеланки и топ, а за да не ѝ биде премногу ладно облече и широка јакна. Позитивните коментари за нејзиниот стајлинг се во изобилие.

Profimedia

„Играв кошарка, а во основно училиште се занимавав со гимнастика… Дури неодамна започнав да вежбам во теретана, пред тоа справите воопшто не ме привлекуваа“, изјави Дуа Липа во едно интервју.

И додека многумина мислат дека пејачката е голема љубителка на вежбањето и дека секогаш има мотивација, таа тврди поинаку.

Profimedia

„Јас сум една од оние луѓе кои на почетокот од годината се зачленуваат во теретана, а потоа се појавуваат само неколку пати во првите две недели и исчезнуваат… Но, сега уживам во вежбањето со тренерот. Прилично сум бескорисна кога сум сама, па сакам да се опкружувам со мотивирани луѓе кои ќе работат со мене“, изјави популарната пејачка.

Слични објави

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....