-4.2 C
Скопје
03:52 - 25 ноември, 2024

Запознајте ја Калпија: Реконструирано лицето на жената која живеела пред 7.500 години

Развојот на технологијата прави науката да напредува на сите полиња и ни носи нови, неверојатни откритија за некои стари пронајдоци.

Откриен во 1996 година, черепот на една жена стар скоро 7.500 години, сега ни открива нови тајни.
Во 1996 година, археолозите во една пештера на Гибралтар пронајдоа гробница со човечки коски, меѓу кои имало и череп. Дури и пред деталната анализа, тие знаеле дека гробот е многу стар затоа што е откриен во слоеви на седименти што содржат коски на риби, птици и цицачи, како и камени предмети. Черепот, иако оштетен, бил приклучен на колекцијата на Националниот музеј на Гибралтар, пишува National Geographic.

Instagram

Сместен на југот на Иберскиот Полуостров, Гибралтар е познат по големото присуство на остатоците од античките народи. Бројни возбудливи откритија од Гибралтар со децении фрлаат светлина врз човечката историја.

На надморска височина од околу 1.400 метри, овој предел е проникнат од голема мрежа пештери и неколку десетици илјади години им обезбедува засолниште на луѓето.

Гробот на Калпија е пронајден во пештера на Европската точка (Europa Point), на најјужниот дел на полуостровот. Во близина на нејзиниот гроб се наоѓа и познатиот комплекс на пештери Горхам, некогашен дом на неандерталското население на Гибралтар, кое живеело во тие пештери пред околу 32.000 години.

Instagram

Периодот од кој потекнува черепот беше мистерија многу години, сè до 2019 година, кога резултатите од ДНК-анализата докажаа дека припаѓал на жена која живеела пред 7.500 години.

Кога черепот на Калпија бил пронајден во 1996 година, било невозможно да се добијат многу информации од него. Влажната клима на Гибратар доведува до брзо пропаѓање на ДНК, а можностите за вадење корисен генетски материјал не биле можни тогаш, како што се денес.

Оштетувањето на черепот дополнително го отежнувало проучувањето.

До 2019 година, ДНК-истражувањето постигнало голем напредок. Списанието Science ја објави анализата на геномот на 271 жители на Шпанија, Гибралтар и Португалија, вклучувајќи го и черепот од 1996 година.

Во координација со Медицинскиот факултет Харвард, истражувачите биле во можност да извлечат одржливи примероци од античката ДНК.

Instagram

Анализата покажала дека гените на оваа жена припаѓаат на народите кои живееле многу источно од Иберскиот Полуостров. Присуството на гени од земјата од другата страна на Медитеранот, во однос на местото каде што е пронајден черепот, им дала на археолозите нови траги за тоа како и каде патувале античките луѓе.

Тимот на Националниот музеј на Гибралтар работел на создавање на форензичка и анатомска реконструкција на нејзиното лице. Комбинирајќи ги податоците за скенирање со генетската анализа, на тимот му биле потребни шест месеци за да ја „оживеат“ жената на која и го дале името Калпија, по старото име на Гибралтар – Монс Калпе.

Instagram

Со помош на компјутер ги скенирале нејзините скршени и оштетени коски, а потоа користеле 3Д-програми за повторно да ги создадат изгубените делови – на пример, долната вилица.
Освен тоа што черепот припаѓал на жена која живеела пред 7.500 години, резултатите покажале и дека жената е со ситна градба, има светла боја на кожата, а косата и очите и биле темни. Исто така, анализите покажале дека таа била нетолерантна на лактоза, што било вообичаена особина на луѓето во тоа време. Датирана е во 5.400 година п.н.е., тоа значи дека живеела во доцниот неолит, кога земјоделството и сточарството се ширеле низ Иберскиот Полуостров, заменувајќи го претходниот модел на ловџии-собирачи. Нетолеранцијата на лактоза укажува на тоа дека правењето млеко не било дел од нејзината култура.

Врз основа на черепот може да се утврди на која возраст починала. Кранијалните шевови – зглобовите што ги поврзуваат коските на черепот, укажуваат на тоа дека таа била возрасна и дека имала меѓу 25 и 40 години.

ПОТЕКЛО

Научниците биле многу возбудени кога го откриле потеклото на Калпија. Само 10% од геномите на Калпија доаѓаат од популацијата што живеела на Иберскиот Полуостров, додека преостанатите 90% доаѓаат од Анадолија (денешна Турција).

Instagram

Археолозите веруваат дека земјоделството се развивало истовремено во неколку делови на светот, а Анадолија била еден од глобалните центри на неолитската револуција. Оттука, техниките на полјоделството и на сточарството полека се ширеле западно преку Медитеранот и во Европа.

Според големиот удел на анатолиските компоненти во ДНК на Калпија се претпоставува дека таа – нејзините родители или многу блиски предци – патувале од Анадолија до Гибралтар по морски пат.
Доколку предците на Калпија патувале по копно, нивното напредување кон запад ќе траело со години или генерации. Нивната ДНК по патот би се мешала со локалното население, па генот на Калпија би бил поразновиден.

Во секој случај, Калпија живеела на Гибралтар во време на големите промени во човечката историја, во време на трансформација во која и самата учествувала.

Instagram

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....