06:42 - 3 април, 2026

За суви и миризливи пазуви наместо антиперспирант користете лимета!

Ви пречи потта под вашите пазуви? Постои добра причина зошто човечкото тело произведува пот. Во неа постои соединение познато како дермицидин кој ги убива несаканите бактерии пред тие да успеат да пронајдат пат и да се вовлечат во телото.

Меѓутоа, на работата на дермицидинот и пречат антиперспирантите, што поради алуминиумите и токсините кои ги содржат, ги затвораат потните жлезди. Така бактериите на телото се множат и навлегуваат во крвотокот. Покрај ова, алуминиумот и токсините од антиперспирантите се одговорни за Алцхајмерова болест, рак и проблеми со репродуктивните органи.

Затоа е препорачливо да се префрлите на природните варијанти на дезодоранси, кои можете да ги најдете на пазарот. Станува збор за лимета, овошје кое не само што е целосно безбедно, туку и се смета за многу поефикасно од купените дезодоранси.

Како да ја користите лиметата?

Земете една свежа лимета и пресечете ја на половина, а потоа добро намачкајте ги пазувите. Оставете да се исуши и дајте и време на лимонската киселина да почне да работи, па потоа облечете се.

Зошто е добра за вас?

Потта сама по себе нема непријатен мирис, туку тој е предизвикан од габи и бактерии кои дермицидинот не успеал да ги отстрани, па тие продолжуваат да напредуваат. Сокот од лимета има антибактериски својства и така ве ослободува од непријатниот мирис. Покрај тоа, наместо како комерцијалните дезодоранси кои само го „маскираат“ непријатниот мирис, лиметата спречува тој воопшто и да се појави!

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....