6.8 C
Скопје
04:13 - 31 март, 2026

Славчо Попоски предупредува на екстремно високи температури и големата суша

И понатаму ќе продолжи долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Што се однесува до температурите, тие од утре па натаму ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, а особено топло ќе биде од четврток, како и за време на викендот кога ќе бидеме под влијание на ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ бран од Африка. Тогаш температурите речиси насекаде ќе надминуваат 35 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се искачат до 40 степени, а локално во овие предели температурите ќе надминуваат дури и 40 степени.

Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

И во Скопскиот регион продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите во следниот период ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, а особено топло ќе биде од четврток како и за време на викендот, кога истите ќе се проближуваат до 40 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури, но и големата суша која ќе ја зафати Македонија во следниот период, препорачуваме да внимавате како се однесувате со природата и да се избегнува движење по шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на шумски пожари.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....