4.8 C
Скопје
15:20 - 21 декември, 2024

ШОКАНТНА фотографија со лого на нафтена компанија прикажува силување на малолетната Грета Тунберг (ФОТО)

Мишел Наранг е жена која е жител на провинцијата Алберта во Канада, која буквално плачела кога здогледала налепница на која е илустрирано сексуално злоставување над 17-годишната еко активистка Грета Тунберг.

Наранг за себе вели дека е голем поддржувач на произвоството на енергија во Канада, истакнувајќи дека нејзини роднини заработуваат работејќи во нафтената индустрија. Таа додава дека инвестициите кои нафтените компании ги прават во општества како нејзиниот град се „прекрасни“.

„Ова е индустрија за која Алберта се бори со сите напори. Оваа налепница не им треба ниту на жителите, ниту на Алберта“ – изјавила Мишел за канадскиот HuffPost.

Таа одлучила да не молчи за овој инцидент. За личност која познава жртви на сексуално насилство, истакнува дека не би сакала нејзиниот 13-годишен син да ја види налепницата, или да биде „океј“ со насилство над жените. Така, таа ја објавила фотографијата од налепницата на нејзиниот фејсбук-профил и напишала: „Оваа компанија претставува се она против кое нафтената и гас индустрија треба да се бори“.

На налепницата е прикажана илустрација од женска силуета со две плетенки, а на грбот од силуетата со големи букви е испишано „Грета“, сето ова додека две раце и ги влечат плетенките силувајќи ја. Фотографијата е цензурирана поради порнографската содржина.

Експлицитната налепница разлути многу активисти ширум светот, но и луѓе кои се против движењето кое го започна Грета Тунберг.

„Тишината никогаш не создава промена“, изјавила Мишел. „Навистина ме растажува фактот што налепницата „прошла“ низ ланец на луѓе, кои размислувале на ова, го направиле, го испринтале и го дистрибуирале. Не знам како некој смета дека ова е смешно“.

На налепницата е вметнато и официјалното лого на нафтената компанија „X-site Energy Services“, а се раширила неодамна како промотивен материјал на работното место за да биде аплицирана на капите на работници, изјавил еден од вработените. Иако налепницата не била официјално раширена на работното место, работникот додал дека истата се раширила меѓу колегите изминатата среда. „Навистина беше одвратно и погрешно“, истакнал работникот.

Мишел Наранг стапила во контакт со генералниот менаџер на X-site, Даг Сперол, прашувајќи го дали знае за налепницата на која се гледа дека е прикажано силување на малолетник. Тој и одговорил дека знае, и според Мишел, додал дека „Не е дете, има 17 години“.

Според тамошниот закон, детска порнографија е какво било прикажување на сексуална активност на личност под 18 години.

Според Канадската полиција која ја истражила налепницата, во овој случај не станувало збор за детска порнографија: „Според нашите експрети, налепницата не ги исполнува критерирумите за да биде криминално дело“, изјавил офицер за HuffPost.

Главниот менаџер на „Х-site“, иако претходно на Мишел и одговорил дека знае за случајот и дека Грета не била дете, изјавил дека никој од нафтената комапанија не бил задолжен за изработка и дистрибуција на оваа налепница. Додал дека морале да ги деактивираат сите профили на комапанијата на социјалните медиуми поради нападите. „Некој го сторил делото. Тоа е се што знам“, рекол тој за HuffPost.

Локалната компанија Velocity е обвинета за принтањето на налепниците, која иако често соработувала со нафтената компанија, ги отфрла овие  обвинувања.

За настанот преку твит се огласи и самата Грета, која напиша: Ова станува се повеќе и повеќе депресивно… Ова покажува дека победуваме.

Во меѓувреме, нафтената индустрија во оваа провинција се соочува со се поголем притисок од другите провинции и активисти да ги намали емисиите на јаглен и да транзитира кон зелена енергија.

Министерката за култура на Алберта, посвети твит на темата и напиша: „Оваа налепница е одвратна, непристојна и деградирачка. Нашата провинција не се залага за ова. Кој и да е одговорен за ова треба да се засрами и извини веднаш. Стојам зад Албертанците против оваа ужасна фотографија“.

 

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....