5.8 C
Скопје
00:16 - 1 април, 2026

Секој прст на раката е поврзан со органите: Масирајте го показалецот само една минута и веднаш ќе почувствувате ефект!

Јапонската древна медицина вели дека секој прст е поврзан со одреден орган во телото, како и дека за подобрување на работата на некој орган и за отстранување некои вообичаени здравствени проблеми, какви што се главоболката и запекот, можеме да влијаеме преку одреден прст.

Всушност, секој прст на раката, според алтернативната медицина, е поврзан со некој орган и со одредена физичка болка. За да ја отстраните таа болка, истријте одреден прст и многу брзо симптомите би требало да се ублажат или дури да исчезнат.

Доволно е само 60 секунди триење за да ја почувствувате промената на подобро.

Објаснување кој прст со кои проблеми е поврзан:

1. Палецот е поврзан со срцето и со белите дробови. Масирајте го овој прст кога ќе почувствувате дека срцето ви чука (пре)силно и кога ќе се задишете и ќе останете без воздух.

2. Показалецот е поврзан со бубрезите и со бешиката. Масирајте го овој прст кога ве мачи запек или пролив. Масирајте го и во случај да имате проблеми со слезината и со желудникот.

3. Средниот прст е поврзан со жолчното ќесе и со црниот дроб. Масирајте го овој прст кога ве мачи несоница, мигрена или кога во текот на возењето ќе почувствувате мачнина.

4. Четвртиот прст е поврзан со дебелото црево. Масирајте го овој прст ако ве мачи главоболка, мигрена и вкочанетост и болка во вратот, што може да биде последица на слаба циркулација.

5. Малиот прст е поврзан со тенкото црево. Масирајте го овој прст кога ќе почувствувате немир и нервоза.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....