13.8 C
Скопје
11:26 - 23 март, 2026

Родителите бесни: 13-годишни ученици добиле домашна задача да го испланираат сопствениот погреб!

Родителите биле бесни откако им било кажано дека нивните тринаесетгодишни деца за домашна задача мора да го испланираат својот погреб. Учениците од католичкото училиште „Свети Павле“ во Лестер ја добиле оваа задача по веронаука за време на пандемиските мерки.

На учениците им дале образец во кој морале да одлучат за начинот на погребувањето и да објаснат зошто така одлучиле, како и да се изјаснат по повод нивната омилена музика или химна и цвеќето за поменот.

„Каде би сакале вашето тело да биде погребано? Каде сакате да се фрли вашата пепел?“, стоело во задачите.

Другите прашања за децата биле кого би поканиле на погребот и како би сакале семејството да ги облече.

Родителите сметаат дека тринаесетгодишниците се премногу млади за да им се додели таква задача, особено за време на пандемијата на коронавирусот, кога починале многу луѓе.

„Ова е одвратно, особено затоа што сме во пандемија и илјадници луѓе умираат“, напишал еден загрижен родител.

Од училиштето се извиниле и рекле дека задачата била дадена „по грешка“.

 

No photo description available.
facebook

Слични објави

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо

Со само две состојки ослободете се од непријатниот мирис по готвењето

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо
Се вчитува....