3.8 C
Скопје
15:38 - 15 ноември, 2024

Родители, внимавајте! Овие намирници децата не е препорачливо да ги јадат

За пра­ви­лен раст и раз­вој на де­цата, нај­важ­на е хра­ната. Ток­му за­тоа ро­ди­те­ли­те тре­ба да ѝ по­све­ту­ва­ат долж­но вни­ма­ние, при­тоа по­стоја­но над­гле­ду­вај­ќи ги соп­стве­ни­те де­ца што ја­дат во те­кот на де­нот.

Пок­рај тоа, здра­ви­те на­вики, ко­га ста­ну­ва збор за раз­лич­ни­те ви­до­ви храна, се гра­дат од ма­ли нозе. Хра­на­та што се на­о­ѓа на днев­но­то ме­ни на ед­но де­те до­де­ка тоа рас­те и се раз­вива, мно­гу ве­ро­јат­но е де­ка ис­ти­от тип хра­на ќе го кон­су­ми­ра и по­на­та­му во те­кот на жи­во­тот. Така, де­ца­та што ја­дат здра­ва храна, нај­ве­ро­јат­но и ко­га ќе ста­нат воз­рас­ни лич­нос­ти ќе се прид­ржу­ва­ат кон ис­ти­от тип ис­храна, спро­тив­но од оние што од нај­ма­ла воз­раст ја­дат хра­на бо­га­та со мас­ти и ше­ќери. Вак­ви­те де­ца нај­ве­ро­јат­но ќе по­рас­нат во лич­нос­ти кои ќе кон­су­ми­ра­ат нездра­ва хра­на и без ис­клу­чок ќе пи­јат штет­ни на­пи­тоци.

Иа­ко ре­чи­си се­кој ро­ди­тел по­стоја­но на ум ги има вак­ви­те по­да­тоци, се­пак по­ра­ди не­дос­тиг на до­вол­но вре­ме за под­го­тов­ка на вкус­ни до­маш­ни об­ро­ци под­гот­ве­ни од здра­ва храна, не­рет­ко се од­лу­чу­ва­ат на де­ца­та да им по­ну­дат да ја­дат хра­на под­гот­ве­на наб­р­зина.

Ист слу­чај е и со ба­ра­ња­та на де­ца­та да ја­дат нездра­ва хра­на ка­ко по­след­ица на мно­губ­рој­ни­те про­из­во­ди во мар­ке­ти­те што зна­ат да им прив­ле­чат вни­ма­ние, а се ис­клу­чи­тел­но штет­ни по здрав­јето. Так­ви про­из­во­ди се смо­ките, чип­со­вите, ли­жав­чи­њата, ше­ќер­на­та волна…

Чипс и смоки

Чип­сот и смо­ки­те во сво­јот сос­тав сод­ржат по­го­ле­ми ко­ли­чес­тва сол, по­тоа масти, по­тенци­јал­на­та алер­ге­на на­мир­ница, а тоа се ки­ки­ри­ките, ка­ко и нај­раз­лич­ни за­чи­ни и до­да­то­ци што има­ат за цел да го за­си­лат вку­сот.

Ма­јо­нез

Ма­јо­не­зот не е препорачливо да се јаде, а осо­бе­но тоа ва­жи за де­ца­та што се во фа­за на раст и раз­вој. Ма­јо­не­зот во сво­јот сос­тав сод­ржи све­жи жолчки и по­го­ле­мо ко­ли­чес­тво масло, но мо­же да сод­ржи и скроб и за­чини, во за­вис­ност од ти­пот на про­из­во­дот.

Ви­ршли

Ни­ту ед­на на­мир­ни­ца што е про­из­ве­де­на во су­во­мес­на­та­та ин­дус­три­ја не е препо­рач­ли­во да би­де дел од хра­на­та на де­цата. Се­пак, ка­ко нај­ште­тен су­во­ме­сен про­из­вод се сме­та ви­ршлата, ко­ја пак, од дру­га страна, по­ра­ди сво­ја­та дос­тап­на це­на е ме­ѓу нај­кон­су­ми­ра­ни­те про­из­во­ди кај нас. Ви­ршла­та се пра­ви од ос­та­то­ци­те од свин­ско или те­леш­ко месо, а во по­след­но вре­ме и од пи­леш­ко месо. Во неа се ста­ва­ат мас­ни ос­та­то­ци и сврз­ни ткива, уба­во из­ме­ша­ни со мно­гу за­чи­ни и до­да­тоци, кои на фи­нал­ни­от про­из­вод тре­ба да му да­дат убав и прив­ле­чен вкус, но и до­бар из­глед, за да се од­лу­чи ку­пу­ва­чот да ги купи.

Паш­тета

И паш­те­та­та тре­ба да се избег­ну­ва да им се да­ва на де­ца­та би­деј­ќи се под­гот­ву­ва на сли­чен на­чин и од слич­ни про­из­во­ди ка­ко ви­ршлата.

Благо

Ра­фи­ни­ра­ни­от бел ше­ќер, на те­ло­то не му да­ва ни­ту еден ко­ри­сен нут­ри­ти­ент. Са­ха­ро­за­та што е сос­та­вен дел од на­мир­ни­ци­те как­ви што се чо­ко­ла­дите, ко­ла­чите, тор­тите, но и во га­зи­ра­ни­те пи­ја­лаци, тре­ба да се избег­ну­ва кол­ку што е мож­но по­веќе. Ло­ша­та вест е и тоа што вак­ви­от вид ше­ќер се на­о­ѓа и во не­кои про­из­во­ди за кои мил­си­ме де­ка го нема. Так­ви се жи­та­та што ги ја­де­ме за по­ја­док, тес­тото, овош­ни­те јо­гурти, кон­зер­ви­ра­но­то овошје, го­то­ви­те супи, но и ке­ча­пот.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....