11:43 - 6 април, 2026

Прв арапски дизајнер примен во француското здружение на високата мода: Ели Сааб – омилениот дизајнер на познатите

Ели Сааб е познат во светот по своите раскошни вечерни гала фустани и венчаници дизајнирани да ја истакнат женската фигура и да ја прикажат нејзината раскошна женственост. Нема девојка која не би се одлучила токму за некоја од неговите креации за нејзиниот посебен ден. Како дизајнер кој себеси, како и својот бренд ги изградил од нула, после страшното детство во војната која го зафатила Либан, Бејрут станал негов дом. Сите стравови што ги преживеал не го спречиле да ја гледа убавината во сите формати што ги направиле човекот и природата, кои се негова инспирација.

Дека некој е предодреден за нешто, зборува и тоа што на 9 години почнал со дизајнирање на фустани за своите сестри, за мајка му и за сосетките. Дека е некој апсолутно признаен од страна на своите колеги, зборува фактот дека тој е единствен арапски дизајнер кој изложува на модната недела во Милано (останатите изложувачи се исклучиво Италијани) и прв арапски дизајнер примен во француското здружение на високата мода.

Од 2002 година, кога Хали Бери се појави на доделувањето на Оскарите во негова креација, интересирањето за неговите фустани не престанува. Најинтересно е тоа што тој е самоук, чист талент, и не престанува да восхитува.

Неговите фустани се изработени од најнежни материјали и украсени се исклучиво со рачна изработка. Кога на едно парче облека ќе замислите толку многу монистра, крлушки и шлокици, би помислиле дека тоа мора да е кич. Но, кај Елие Сааб тоа едноставно не е така – сè е со вистинска мерка.

Profimedia

Со истата идеја и мерка настанале и неговите парфемски линии „Le Parfum“ и „Girl of Now“. Шишенцата се дизајнирани како скапоцености со детали кои ги следат неговите колекции.

 

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....