1.8 C
Скопје
01:21 - 11 март, 2026

Пронајдена порака од Првата светска војна испратена по гулаб

Минијатурна капсула со порака од пруски војник, кој ја испратил пред повеќе од еден век преку гулаб писмоносец, била пронајдена во текот на прошетка од една француска двојка.

Пораката од пешадиецот стациониран во Ингерсхајм детално ги опишала воените маневри и била пратена до надреден офицер, вели Доминик Жарди, кустос на музејот Линж во Орбеј на истокот на Франција, пренесува „Скај њуз“.

profimedia
Profimedia

Пораката е на германски јазик, а датумот на белешката не е јасен, но се чини дека е напишана или во 1910 година или во 1916 година. Во тоа време Ингерсхајм – сега во францускиот регион Гранд Ест – бил дел од Германија.

Двојката шетала по полето во септември кога ја забележале капсулата. Тие ја однеле во музејот во Орбеј, кој е посветен на една од најкрвавите битки во Првата светска војна.

Profimedia
Profimedia

Жарди, кој рекол дека ова е „исклучително ретко“ откритие, замолил пријател од Германија да му помогне да ја дешифрира пораката.

Слични објави

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо
Се вчитува....