9.8 C
Скопје
09:43 - 19 март, 2026

Од короновирус почина свештеникот што тврдеше дека Бог е поголем од вирусот

Бискупот Џералд Глен, пастор и основач на Евангелистичката црква „Ново Спасение“ во Вирџинија, починал во саботата од компликации од заразата со коронавирус, соопшти во неделата неговата црква, пренесува CNN.

И покрај предупредувањата од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во кои се препорачува избегнување масовни собири и одржување социјална дистанца, Глен за време на проповедта на 22 март рекол дека „цврсто верува дека Бог е поголем од овој ужасен вирус“ и објавил дека не се плаши да умре.

Следниот ден властите издадоа наредба со која се забрануваат сите јавни и приватни собири со 10 или повеќе лица.

На 4 април ќерката на Глен објави видео во кое се вели дека нејзиниот татко и неговата сопруга Марсетија Глен биле позитивни.

Евангелистичката црква побара на својата страница на Фејсбук „да му се дозволи на семејството да тагува на свој начин“.

„Покрај жалоста за смртта на семејниот патријарх и духовен отец, тие имаат и други членови на семејството, кои се борат да ја преживеат оваа ужасна пандемија“, се вели во црковната објава.

Слични објави

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо

Со само две состојки ослободете се од непријатниот мирис по готвењето

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо
Се вчитува....