10.8 C
Скопје
15:40 - 17 декември, 2024

Обојте го домот според фенг шуи

Боите не се само декорација, туку многу моќно средство кое вашиот дом може да го претвори во оаза на хармонија и просперитет.

Но, пред се, треба да знаете дека за секоја просторија во куќата или станот постојат поволни и неповолни бои. Имено, експертите за фенг шуи ги избираат по принцип кој се базира на комбинирање на пет основни елементи – оган, метал, земја, дрво и вода и нивниот кружен циклус.

Ходник

Со оглед на тоа дека на оваа просторија најчесто и недостига светлина, се препорачуваат сите нијанси на жолта, бела или кремаста боја.

Дневна соба

Наспроти ходникот, во дневната соба можат да се употребат поинтензивни бои, како што се портокалова, темно-сината и црвена нијанса, со тоа што со оваа последната боја на треба да се претерува, бидејќи може да делува вознемирувачки на станарите. Меѓутоа, може да се ублажи со пастелни тонови.

Кујна

Со оваа просторија треба да бидете максимално внимателен бидејќи нејзиниот централен дел е шпоретот (оган), па затоа треба да се избегнува црвената боја (на пример, плочки, кујнски елементи, столици….). Силната енергија на огнот може да се смири со жолтата боја, која е оптимистична и насочува кон творештво и интелектуална работа, па и погодна е и за трпезаријата.

Бања

Се препорачува смирувачки зелена и релаксирачка сина боја.

Спална соба

И за спалната соба погодни се зелената и сината боја. Оваа просторија служи за одмарање и собирање енергија, па затоа треба да се користат смирувачки и нежни нијанси. Доколку е во прашање соба во која спијат брачните партнери, треба да се додадат и некои црвени детали, како што се перничиња или ламби, за постојано да ја „подгреваат“ страста. Меѓутоа, доколку во спалната соба доминира црвената боја, може да предизвика сериозни проблеми меѓу партнерите.

Страните на светот

Според фенг шуи боите за уредувања на просториите се одредуваат и според страните на светот. Имено, јужната страна на домот го симболизира огнот, па за тој дел се препорачуваат нијанси на црвена, жолта и портокалова. Во прашање се јанг боите кои одлично одат заедно со окерот и кафените нијанси, но за тој сектор не се препорачува белата боја.

За северната страна (вода) се советуваат сите сини нијанси во комбинација со црната боја. Нив во овој сектор не треба да се мешаат со црвената боја, бидејќи „водата го гаси огнот“, па може да делува многу штетно на станарите.

Источната страна (дрво) треба да се освежи со нијанси на зелена и кафена боја, кои го поттикнуваат растот и во комбинација со црвената боја ја зголемуваат нејзината моќ и го зголемуваат просперитетот.

Сите нијанси на златна, сребрена и бела боја се многу погодни за западниот и југозападниот дел на станот (метал) и одлично се сложуваат со водените бои, како што е виолетовата боја. Металните бои никогаш не треба да се комбинираат со земјените бои, бидејќи го забавуваат напредокот на станарите.

За југозападниот, централниот и североисточниот сектор на станот (земја), треба да се употребуваат сите нијанси на окер, крем и кафена боја.

Затоа, компасот во раце, пуштете ја својата имагинација и извлечете максимум од просторот во кој живеете.

Слични објави

Јелена Карлеуша донира милионска сума за градот Крагуевац: Тоа е мојот новогодишен подарок

Еспресо

(Фото) Гол стомак и шлиц до колковите: Ќерката на Гоца Тржан позира во смел фустан!

Еспресо

(Фото) Празнична еуфорија во домот на Викторија Лоба: Пејачката покажа како ја украсила новогодишната елка

Еспресо

(Видео) Цеца Ражнатовиќ изненадена пред куќата на Дедиње: Пејачката веднаш се огласи на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Жељко Бебек наполни 79 години! Музичарот го прослави роденденот во Лондон

Еспресо

Слобода Миќаловиќ направи драстичен чекор: Актерката бара пола милион од жената која ја претепа

Еспресо
Се вчитува....